Работниците во една ливница во Флорида вредно работат на проект нарачан од една религиозна група. Групата се надева дека статуата од 2.5 метри ќе биде инспирација за јавноста. А кого претставува таа статуа? Божеството Бафомет, обожувано од страна на т.н. „Сатанистички храм“.
Модел на статуата, дизајнирана од уметникот Марк Потер
Иницијаторите на оваа идеја се надеваат дека по нејзиното завршување, статуата ќе биде преместена во Оклахома, каде што ќе му се придружи на споменикот на Десетте заповеди на тревникот пред седиштето на законодавната власт на оваа американска сојузна држава. Споменикот бил платен од страна на државниот претставник Мајк Риц, поради што е класифициран како приватна донација, врз основа на што добил дозвола споменикот да биде поставен пред седиштето на Оклахома, без да биде нарушен законот со кој се гарантира секуларноста, т.е. одделеност на религијата од државата.
Статуата била оштетена минатиот октомври, кога еден човек под влијание на алкохол ја удрил со автомобил. Но поправките кои во моментот се извршуваат од неа не се платени од Риц или друга приватна донација, туку од даноците на американските граѓани. Користењето на јавни средства за религиски споменици е противуставно, така што ова наишло на серија негодувања, поради што споменикот официјално е претставен како нарачка на „Сатанистичкиот храм“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.