Сателитите обично се замислуваат како масивни конструкции за кои се трошат милиони долари за производство и одржување, но многу помалите CubeSats, минијатурни сателити во облик на коцки, се попогодни, поекономични и полесни за ракување.
Најновиот развој во CubeSat погонот, наскоро би можел да функционира на водена пареа, а со тоа да стане префериран за идните истражувачки мисии. Водата не само што е безбедна, туку и ја има во изобилство во нашиот сончев систем. Во нашето планетарно соседство, се претпоставува дека ја има на природниот сателит на Марс, Фобос.
Тим на Универзитетот Пардју стои зад проектот за вода, во кој учествуваа голем број студенти, како дел од курсот за дизајнирање на погони. Нивниот прототип CubeSat, презентиран на 31 AIAA / USU конференција за мали сателити, бил направен со користење на комерцијално достапни производи со релативно ниска цена.
Новиот погонски систем, наречен FEMTA користи мали капилари кои се со дијаметар од десет микрометри. Десет микрометри не се доволно големи за да може да се стави една лажичка вода во внатрешноста на CubeSat, па затоа се инсталирани мали грејачи кои можат да се активираат за да ја претворат водата во пареа и да обезбедат доволна пропулзивна моќ.
„Ние докажуваме дека една ротација од 180 степени може да се изврши за помалку од една минута и бара помалку од една четвртина вати, што покажува дека FEMTA е одржлива метода за контрола на височина на CubeSats.“ изјавила Алиана Алексенко професор на Универзитетот Пурдју и водечки истражувач на погонскиот проект.
Алиана и нејзиниот тим сега се залагаат да го патентираат нивниот концепт и се желни да го искористат овој систем во вистинска вселенска мисија. Се разбира, за тоа ќе биде потребно повеќе време и повеќе работа. Целта сега е дополнително да се намали тежината, обемот и моќта потребни за ефикасно користење на CubeSats во вселената. Гореспоменатиот прототип тежи 2,8 килограми. За да извлече максимум од потребната вода, CubeSat ќе мора да биде полесен.