Кога Стив Џобс бил во доцните 20-ти години, тој тргнал во „лов“ на извршен директор да ја води компанијата што ја основал, Apple. Одборот на Apple изјавил дека на Џобс му е потребен надзор од возрасен, но дека може да ја даде работата на кого тој сака. Џобс и одборот интервјуирале околу 20 кандидати но Џобс ги одбил сите.
Конечно, тој се сретнал со Џон Скали, кој во изминатите 10 години се издигнал како извршен директор на Пепси. Тој, исто така, имал репутација дека е „маркетинг господар“, бидејќи помогнал да се создаде кампањата „Пепси предизвик“, која ги предизвикала т.н. „cola wars“ во 1970-тите.
Скали се сеќава дека го запознал Џобс за првпат, во 1982 година. „Кога стигнав до Apple не бев сигурен дека сум на вистинското место, бидејќи немаше комерцијални објекти, туку само куќи и неколку навалени структури. Се испостави дека Стив беше горе на вториот кат во куќа … Зградата каде што Стив го изградил Макинтош – сѐ уште имаше повеќе од една година додека да биде претставен, имаше пиратско знаме што леташе од врвот на Зграда, еднокатна зграда. Кога отидов, имаше мотоцикли и пијано Бозендорфер, бидејќи Стив ги сакаше прекрасно дизајнираните производи.“, раскажува Скали.
Но, кога Скали се сретнал со Џобс, неговата стратегија не била да му се додворува на младиот основач. Таа била речиси спротивна.
„Решив да разговарам со него за работи за кои знаев дека не знае ништо. Сакав тој да сфати дека ги нема сите одговори. Па го однесов во Музејот на уметност во Њујорк и му покажав грчка скулптура и му објаснив што направил Праксител со Праксителовата крива. Му покажав како е дизајниран Партенон и математиката што се користела за тоа и почнав да го подучувам за работите на кои порано не бил изложен. И мислам дека тоа беше, во ретроспектива, добар начин за нас да разговараме едни со други: Да се запознаеме еден со друг за тема за која мислев дека би можел да ја поттикнам неговата љубопитност иза нешто за што не знаеше ништо.“, вели Џон Скали.
Пет месеци подоцна, Џобс му ја понудил работата на Скали. Тој првично го одбил, но Џобс му кажал реченица која му го сменила мислењето : „ Дали сакате да продавате шеќерна вода до крајот на животот? Или сакате да дојдете со мене и да го промените светот?“ Следниот понеделник, Скали започнал да работи како извршен директор на Apple.