Тристан Мурин и неговата мајка се вратиле во нивниот „крвав“ дом во четврток. Тие знаеле дека нешто не е во ред уште кога нивното куче Оден ги поздравил на вратата. Ништо не било украдено од куќата и крадецот бил заминат кога тие пристигнале. Оден, Германски Овчар, го нападнал натрапникот кој најверојатно се обидувал да го ограби Тристан. Траги од крв биле пронајдени на првиот, вториот кат и по скалите.

„Погледнавме горе и можеше да се види патека од крв која оди се до вториот кат.“, изјавил Тристан. Голема количина на крв имало и на ѕидовите. Во околината имало неколку грабежи во изминатиот период но овој пат крадецот успеал да избега само со животот.

Мурин вели дека иако Оден е големо куче, ова е прв пат тој да бил толку агресивен. „Тој се игра со децата. Сите го сакаат децата доаѓаат да го галат и да се играат со него. Мислам дека кучето си ја вршело работата. Знаел дека некој не требало да биде во нашиот дом, додека ние не сме таму и знаел дека крадецот не требал да го прави тоа што имал намера да го направи. Затоа знаел како да дејствува.“, вели Тристан.

Тој објавил и видео на Фејсбук каде што се гледа крвавата сцена и напишал: „Најдобриот пријател Оден кој е германски овчар за заштитил нашиот дом, додека не бев таму и многу сум горд на него.“

Тристан се надева дека полицијата ќе се ангажира да го пронајде крадецот кој веќе ограбил неколку домови во околината.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено