14-годишен тинејџер од Индија извршил самоубиство откако ја играл играта Син Кит која кружи на интернетот. Анкан Деј бил пронајден задушен со пластична кеса во неговата бања. Неговите пријатели и потврдиле на полицијата дека анкан ја играл играта. Смртоносната игра „налага“ тинејџерите да извршат 50 самоуништувачки предизвици.
Портпаролот од училиштето на Анкан изјавил: „ Момчето беше многу немирно и призна пред родителите дека ја игра играта Син Кит. Тој исто така рече дека пријателите од училиштето му кажале за играта.“
Гопинат Деј, таткото на Анкан, изјавил за локалните медиуми: „Тој се врати од училиште и седна пред компјутерот. Кога неговата мајка, Сампа, го повика на ручек, тој рече дека првин ќе се капе. Кога не излезе од бањата подолг период ние ја скришивме вратата и го пронајдовме на подот неподвижен. Веднаш го однесовме во болница каде го прогласија за мртов.“ Полицијата детално ги истражува тврдењата дека Анкан ја играл оваа игра.
Минатиот месец, уште еден тинејџер, Манпред Саханс, извршил самоубиство откако скокнал од една зграда во Мумбаи. Тој, наводно, скокнал откако ја играл играта Син Кит и пред да скокне објавил фотографија на која пишува: „Наскоро единственото нешто што ќе ви остане ќе биде фотографија од мене“.
Играта потекнува од Русија и се стравува дека има над 130 случаи кои се поврзуваат со Синиот Кит. Во оваа „игра“ на играчите им се доделува господар кој ги контролира 50 дена и секој ден им дава задача на играчите која треба да ја исполнат. На последниот ден од играта, господарот му наредува на играчот да се самоубие. Родители низ целиот свет се загрижени за замавот на Синиот Кит.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!