Реткиот класичен италијански автомобил Carrozzeria Ghia, кој се смета за еден од најубавите автомобили во историјата, ќе биде ставен на продажба за 330.000 евра. Биле произведени вкупно 26 вакви автомобили, а овој примерок од раните 1960-ти години е еден од првите, што го прави уште поексклузивен. Првиот сопственик на автомобилот бил холивудскиот актер Питер Лоуфорд, кој го продал на еден колекционер по една година возење. Сегашниот сопственик на автомобилот е веќе четврт сопственик, го купил во 2006 година и направил совршено добра реставрација.