Колку подолго поседуваме автомобил, толку повеќе возачки навики стекнуваме. За жал, не сите овие навики се добри. Освен тоа, колку стануваме поискусни и ги практикуваме, толку е потешко да ги искорениме. Ова се неколку примери за чести навики кај возачите, кои би било мудро да ги избегнуваме.
6. Ја одмарате раката на менувачот
Многу луѓе имаат навика да ја одморат раката на менувачот при возење. Ова не треба да се прави поради неколку причини, најочигледно е тоа што треба да управувате со двете раце. Друг штетен ефект е тоа што таков мал, но постојан, притисок на менувачот доведува до проблеми со менувањето на брзини.
5. Полнење гориво само кога резервоарот е речиси празен
Кога Вашиот автомобил не е во употреба, механичките нечистотии се акумулираат во резервоарот за гориво и се таложат на дното. Нечистотијата се влева во пумпата за гориво и во филтрите, предизвикувајќи оштетување. Во текот на зимските месеци, секогаш треба да го оставите резервоарот барем половина исполнет со гориво за да избегнете формирање на големи количини на кондензат.
4. Често сопирање
Доколку непотребно ги користите сопирачките подобро е да одвоите голема сума за нивна поправка или за да купите нови и замена на дискови. Подобро е да внимавате во сообраќајот наместо да применувате константно и нагло кочење.
3. Игнорирање на сомнителни звуци
Звуците на слабо крцкање и други невообичаени звуци може да укажат на дефект. Многу возачи имаат тенденција да ги игнорираат овие знаци и како резултат на тоа, нивните автомобили често се распаѓаат. Ако Вашиот автомобил почнува да емитува неприродни звуци, задолжително посетете механичар за да го идентификувате проблемот и да се справите со тоа навреме.
2. Управување со ладен мотор при високи вртежи
Повеќето современи мотори немаат потреба за загревање. Но, вреди да се запамети дека додека мерачот не покаже работна температура, не треба да се работи со моторот на повеќе од 2.000 вртежи.
1. Ја држите ногата на сопирачката додека се движите по удолнина
Многу возачи имаат навика да ја држат ногата на сопирачката додека се движат по удолнина, за да бидат спремни за сопирање во секој момент. Ова доведува до прегревање на системот на сопирачките и истрошување на плочките на сопирачките и на дисковите.