Џо Ариди се родил наводно како здраво бебе, но кога пораснал неговите родители забележале дека нешто не е во ред. Тој уште у прво одделение не можел да држи чекор со часовите, а директорот побарал од неговите родители да го задржат дома. Тестовите кои што Џо ги правел на училиште покажале дека тој не можел правилно да ги идентификуваат боите, да ја објасни разликата помеѓу каменот и јајцето и да повтори низа од четири броеви.
Во доцните тинејџерски години, Џо бил примен во Државниот дом за луѓе со ментална попреченост на Колорадо каде што го поминал поголемиот дел од својот живот. Со IQ од 46, тој честопати бил тепан и искористуван од другите момчиња во државниот дом. Во август 1936 година, тој и неколку други одлучиле да се кашат во возот кој што редовно поминувал покрај домот. Тие со возот заминале во родниот град на Џо, Пуебло, 24-часовно патување.
Таа недела во градот се случиле ужасни трагедии. ве тинејџерки биле нападнати во нивниот дом. Дороти Дрејн, 15 години, била силувана и убиена со секира, додека нејзината сестра, 12, едвај преживеала брутален напад. Нивниот татко кој таа вечер не бил дома, кога се вратил ги пронашол двете девојчиња облиени со крв во креветот на Дороти. Помалата ќерка завршила во кома. Сите биле во потрага по оној кој што весниците го нарекувале „изобличен манијак“.
За разлика од другите момчиња Џо не се вратил во домот туку се симнал на околу 300 километри од Пуебло и продолжил да талка околу железницата. Полицијата го забележала момчето и го привела. По неколку часа испрашување, Џо доброволно го признал убиството. Тогаш шерифот Керол го повикал шефот на полицијата на Пуебло, Артур Грејди и му кажал дека го има убиецот на Дороти.
Артур бил зачуден поради тоа што тие веќе имале осомничен човек во притвор,Рајли Дрејн, кој бил отпуштен од таткото на девојчињата, а кога го пребарале неговиот дом пронашле секира која одговарала на раните на жртвите, а имало и материјали од нивниот дом.
Шерифот Керол сакал да ја прикачи вината врз Џо, нарекувајќи го лудак кој не знае ниту да чита. Џо им раскажал на полицајците неколку различни приказни. Тој првин велел дека го убил девојчето се палка, се додека не му кажале дека убиствата биле со секира, тој исто така тврдел дека убил неколку луѓе кои сеуште биле живи. Рајли Дрејн тврдел дека не го познава Џо, но по одреден период проследен со притисоци Рајли признал дека го познава Џо. Кога 12-годишното девојче се разбудило од кома сведочело дека Рајли е човекот кој ја нападнал неа и нејзината сестра, но не и било дозволено да сведочи за тоа дали и Џо бил таму. Едно момче од домот и раскажало на полицијата дека Џо пристигнал еден ден по убиствата во градот, но полицијата не го земала неговото сведчење во предвид.
Тројца психолози сведочеле дека Џо е на ментална вораст од 6 години и не може да разликува добро и лошо и со тоа не би можел да направи кривично дело. Но судијата се согласил со сведочењето на четворица полициски службеници кои сметале дека Џо треба да ја добие „заслужената“ казна, а еден од нив бил и шерифот Керол.
Признанието на Џо било евидентирано само од Керол, друга личност никогаш не го слушнала а Керол добил награда од 1.000 долари за тоа што го уапсил „убиецот“. Кога го прашувале на суд Џо не знаел која е Дороти, што е тоа секира и зошто е тој на суд. Чуварите во затворот и затвореницте многу го сакале Џо. Тие секогаш се обидувале да го насмеат и им успевало. Управникот го нарекол „Најсреќниот осуденик на смртна казна“.
Кога го прашале дали сака да се врати во домот, тој им договорил дека не сака, туку сака да остане со управникот Бест во затворот, затоа што во домот децата го тепале, а тука сите се добри со него. Се претпоставува дека Џо не бил свесен дека оди во смрт на денот на извршување на казната.
За последен оброк тој побарал сладолед, а своите играчки ги подарил на управникот и затворениците. Правдата за Џо била добиена 72 години по неговото „убиство“ и приказната за Џо се смета за една од најголемите грешки во историјата на судството.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.