Доколку слушнете силен удар кој доаѓа од Вашиот двор, најверојатно ќе излезете да го истражите. Без сомнение би биле прилично збунети околу тоа за што се работи. Дали оџакот паднал од покривот? Некој влетал со автомобил во дворот? Но, најверојатно нема да се посомневате дека се работи за метеор.
Сепак, на еден човек од Аплинг, Џорџија, САД, токму ова наводно му се случило во јули 2017 година. Џеј Саливент слушнал многу гласен тресок што доаѓал од неговиот двор и кога излгол да ја провери причината, останал во шок. Џеј ја вклучил камерата уште пред да излезе да ја истражи причината и првично не забележува нешто невообичаено во неговиот двор. Потоа ќе види чад и мала дупка која што уште гори.
Откако ќе се приближи до дупката тој вели: „Ова е проклет метеор“. Џеј го превртува каменот со нож. Зборувајќи за инцидентот, Џеј изјавил: „Беше толку гласно што мислев дека имало сообраќајна несреќа на патот пред мојата куќа. Кога стигнав до дупката таа беше околу 40 сантиметри длабока, исто така толку и беше широка. Во средината имаше вжарен камен.“
Прилично е неверојатно нешто од вселената да „слета“ во дворот, иако секоја година илјадници вакви метеори влегуваат во атмосферата на Земјата. Додека повеќето од нив изгоруваат во атмосферата, оние кои паѓаат на површината можат да направат сериозна штета. Парче кое тежи помалку од 500 гр, може да патува со брзина од околу 320 километри на час и лесно може да го скрши покривот на една куќа или пак шофершајбната на автомобилот.
Иако Џеј тврди дека каменот во неговиот двор е вистински метеор, многу луѓе се скептични во врска со тоа. Според голем број на коментари на Јутуб метеорот не предизвикал доволно штета за да биде вистински. Ако излезе дека приказната на Џеј е легитимна, тогаш тој треба да се смета за среќен човек бидејќи каменот не паднал низ неговата куќа туку само неколку метри подалеку.
Се разбира, кратерот на Џеј во неговиот двор е далеку од најголемиот забележан кратер. Кратерот Vredefort, во Слободна држава, Јужна Африка, бил создаден пред две милијарди години, кога метеор кој се верува дека бил 10 километри во дијаметар паднал на Земјата. Кога паднал на земјата тој направил кратер од околу 300 километри. Ова е одраз за моќта на уништување на објектите од вселената. Што мислите Вие? Дали Џеј ја зборува вистината?
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.