Често не ги цениме доволно воените кучиња кои секојдневно ги ризикуваат своите животи во конфликтните зони. Како и нивните човечки колеги, овие животни можат да бидат убиени или сериозно повредени додека ја извршуваат својата должност. Но за разлика од луѓето, тие никогаш нема да разберат зошто се таму или самите да го направат тој избор. Тие го разбираат само она за што се обучени, наредбата која треба да ја извршат и желбата да ја заштитат својата единица.
Белгискиот овчар често се наоѓа во редовите на војската и полицијата, бидејќи нивната интелигенција се справува со стресни ситуации и решавање на проблеми. Лајка, работела како воено куче во последните неколку години и се грижела за безбедноста на војниците. Но, за време на нејзиниот престој во Авганистан, работите тргнале по лош пат.
Лајка била распоредена во Авганистан во мај 2013 година, каде што работела како „извидник“. Таа ја разгледувала областа и барала знаци за непријателски војници и го чистела местото за да може да помине нејзината единица. Ова значи дека Лајка била испратена во многу смртоносни области и била ставена во екстремно опасни ситуации.
Еден ден Лајка и нејзината единица биле нападнати. Тие биле фатени во заседа и морале да се повлечат што е можно поскоро. Лајка била испратена во зграда во близина за да истражи дали е безбедно да се повлечат внатре. Таа успеала и помогнала на нејзината единица да преживее, но во тој процес била застрелана четири пати.
Непријателот ја застрелал од близина, но таа сепак некако успеала да го собори. Лајка била однесена во воена болница на итна операција , а по седумчасовната операција таа се вратила во живот. Таа сè уште била тешко повредена, но и една од нејзините предни нозе морала да биде ампутирана.
Војникот Џулијан Мекдоналд, нејзиниот тренер, се чувствувал виновно за тоа што и се случило на Лајка:
„Се почувствував навистина лошо, бидејќи јас бев оној кој ја прати во внатрешноста на зградата, а потоа во исто време бев среќен што го сторив тоа, бидејќи јас бев сеуште жив и моите пријатели од мојата лева и десна страна беа живи. На ова куче му го должам секој момент кој го доживувам од тој ден па наваму. Јас и должам сè.“
Мекдоналд одлучил да ја посвои Лајка и да ја донесе во неговиот дом во САД. Тој имал потешкотии додека да добие дозвола за да ја посвои, бидејќи велеле дека Лајка била премногу агресивна за да биде посвоена, но сепак Џулијан успеал.
И покрај тоа што наводно е „премногу агресивна“, Мекдоналд вели дека е нежна и се игра со неговите мали деца. „Тие не се страшни. Правеле страшни работи, но заслужуваат домови, добри домови.“
Семејството ги платило сите неопходни медицински трошоци, а Лајка се адаптирала на својот нов живот надвор од вооружениот конфликт. Таа сега ужива во нејзиното пензионирање заедно со Џулијан, неговата сопруга и двете деца.