Оваа наводно опседната кукла е продадена на eBay за прилично сериозна сума на пари. Сега нејзиниот нов сопственик вели дека го напаѓа додека тој спие. Но ова не е нешто ново за куклата, таа ги напаѓала и претходните сопственици. Оваа „лута“ кукла се појави во медиумите пред неколку недели поради насилните епизоди.

Поранешната сопственичка, Деби Мерик, изјавила дека куклата почнала да го напаѓа нејзиниот сопруг, да го гребе во сон, го симнувала ѓерданот и го активирала алармот за пожар. Деби одлучила да ја продаде куклата на eBay, а поради некоја бизарна причина некој всушност ја купил.

Ли Стер, паранормален истражувач од Ротерам во Велика Британија, плати дури 1100 долари за куклата, откако претходно избила „војна“ на наддавање меѓу повеќе заинтересирани „фанови“ на духови. Зошто некој би сакал проколната кукла во домот е навистина бизарно, но Ли изјавил дека и неговиот татко Паул добил сличен „третман“ како и претходните сопственци.

30-годишниот Ли изјавил: „Тако ми беше на првиот спрат,а во тој момент куклата сè уште беше спакувана и тој слушнал нешто како чукање на дрво. Тој рече дека тоа му било малку необично. Подоцна, истиот ден тој гледаше видео во живо од куклата, а јас бев горе во мојата соба. Тогаш и кажал на мајка ми дека го боли раката. Кога го подигнал ракавот имал 6 гребнатинки. Тогаш мајка ми ме викна да се симнам. Изгледаат прилично слични со гребнатинките кои што ги имал сопругот на Деби.“

Меѓутоа, семејството не било „жртва“ само на напади, туку забележале и многу други чудни активности, кршење на предмети, чудни звуци и треперење на светлата.

„Раскревавме некои работи, неколку дена пред да пристигне куклата и почнавме да зборуваме за неа. Тогаш сликата која што стои во мојата соба наречена „Момче што плаче“ почна сама да се лула. Направивме видео во живо од куклата, кое го гледаа 35.000 луѓе и почнаа да ми се јавуваат луѓе и да ми кажуваат дека очите на куклата се движат.“, вели Ли.

Ли исто така вели дека најверојатно името на духот во куклата е Саманта. Сепак не можеме да знаеме што навистина се случило и дали Ли ја зборува вистината, или пак само сака да ја крене вредноста на куклата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено