Кај овие фестивали насилството и болката се во прв план. На овие места луѓето можат да го искажат својот гнев или пак добро да се забавуваат.

10. Ентроидо Карневал- Шпанија

Овој карневал трае 3 дена. Првиот ден мажите ставаат дрвени маски и одат по учиците со камшици и камшикуваат луѓе околу нив. Понеделник е најболниот ден, тогаш се применува традиција наречена фарапада, односно се удираат луѓе со калливи партали. Најопасни се оние кои носат вреќи, во кои има мравки кои касаат и тие се фрлаат кон противниците.

9. Котсволд Олимпик Шин- Англија

Тука се одржуваат натпревари во кои двајца натпреварувачи ги ставаат рацете на рамената на противникот и брутално се клоцаат со нозете се додека едниот од нив повеќе не може да издржи.

8. Агни Кели- Индија

Во Мангалор, Индија луѓето ја „смируваат“ божицата Дурга со фрлање на огнени листови од палма. Учесниците се среќаваат кај локалната река и таму започнува „играта“.

7. Rouketopolemos- Грција

Велигденската ноќ во Вронтадос, Грција, не е мирна ноќ. Две ривалски цркви (Свети Марко и Панагија Еритиани) со векови се натпреваруваат едни со други. Секоја година, двете цркви се обидуваат да го решат спорот со фрлање на огномет во правец на другиот. Губитник е црквата чие ѕвоно прво ќе биде погодено.

6. Битката на портокали- Италија

Потеклото на годишната Битка на портокали во Ивреа, Италија, не е познато. Легендата вели дека луд маркиз силувал ќерка на локален жител. Таа подоцна го обезглавила што покренало револт кај луѓето и неговата палата била запалена.

5. Болас де Фуего- Ел Салвадор

Во 1658 година, вулканската ерупција на Ел Плејон го уништила градот Никсапа во Ел Салвадор. Преживеаните се преселиле во денешна Нејапа. Настанот Болас де Фуего се одржува секој 31 август како комеморација. Жителите фрлаат огнени топки во воздухот, но иако ги фрлаат во спротивен правец од толпата тие често можат да залутаат и секоја година има пријави за сериозни повреди од овој фестивал.

4. Фестивал на голи борбени мажи- Јапонија

Технички, никој не е навистина гол. 9.000 исклучиво машки учесници носат „облека“ слична на онаа на сумо борачите. Од прозорец, свештеник фрла околу 100 свети стапови во толпата. Лицето кое што ќе фати стап треба да се бори со остатокот од толпата за него.

3. Festa De Sao Joao Do Porto- Португалија

На овој фестивал учесниците се удирале со праз по главите со надеж дека ќе им се подобри кексуалниот живот. Но во текот на 20-тиот век ги смениле правилата и сега користат пластични чекани.

2. Takanakuy- Перу

Со груб превод овој фестивал значи „кога крвта врие“. Главниот настан на фестивалот е борбата. Најчесто мажи, но има и жени и деца, ги обвиткуваат рацете со ткаенина и го удираат нивниот противник. Исто така има и судии кои имаат камшици и ги користат кога некој од учесниците премногу насилно ќе почне да се однесува.

1. Фестивалот Абаре- Јапонија

Бизарните ритуали кои се вклучени во голема мера се поттикнуваат од саке и хаосот е добредојден бидејќи тоа ќе му се допадне на Сузано-не-Микото, богот на морето и бурите. Се ставаат големи огнени фенери на столбови, а жарот од нив паѓа на земјата, додека мажи и момчиња танцуваат и свират на тапани и флејти.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено