Истражувачите создадоа нова револуционерна технологија која може да развие нови клетки во телото на пациентот, едноставно само преку допир. Оваа технологија може да отвори неколку нови опции за лекување и сосема да ја смени ситуацијата во медицината.
Создадена од Државниот универзитет во Охајо, технологијата е позната како „Нано-трансфекција на ткивото“. Технологијата подразбира користење на чип, базиран на нанотехнологија и поставување на кожата на пациентот. Може да ја претвори возрасната клетка од еден во друг тип, едноставно со „пецкање“ со уредот со мало електрично полнење. Постапката не е инвазивна. Наодите се објавени во списанието Nature Nanotechnology.
„Со користење на нашата нова наночип-технологија, можат да се заменат повредени или компромитирани органи. Покажавме дека кожата е плодна земја каде што можеме да ги развиеме елементите на секој орган кој почнал да пропаѓа.“, изјавил Д-р Чандан Сен, ко-автор на истражувањето.
Уредот сè уште не е тестиран на луѓето, но се покажал како успешен кај глувците и свињите. Кај глувчето кое што имало повреди на ногата, во текот на една недела чипот предизвикал активни крвни садови повторно да се појават и до втората недела ногата била спасена. Исто така, помогнало глушец да се опорави од мозочен удар.
Чипот носи специфичен генетски код во форма на ДНК или РНК, кој, кога се применува на клетките, ја менува нивната претходна структура и функционира на структурата и функциите потребни за поправка на повредата. Според истражувачите, технологијата успешно работела 98 проценти од времето.
Пациентите нема да го носат чипот со нив, туку тој едноставно тој ќе биде прикачен за нивната кожа само неколку секунди за да започне со репрограмирање на клетките. Тимот од истражувачи изјавил дека се „изненадени“ колку добро функционира.
Потенцијалите за ваква технологија се огромни. Таа може да помогне во поправка на повреденото ткиво или дури и да ја врати функцијата на стареење на ткивото во органи, крвни садови и нервни клетки. Исто така, може да одгледува мозочни клетки на човечката кожа под водство на имуниот систем на човекот, а потоа овие клетки може да се инјектираат во мозокот на човекот за да се лекуваат состојби како што се Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест.