Џон Б.Вотсон бил психолог и и основоположник на школата за бихевиоризмот. Познат е по тврдењето дека може да „претвори“ 12 сосема здрави бебиња во каква и да посака личност, што се и обидел со нехуманиот експеримент „Малиот Алберт“.
Џон Вотсон го спроведувал експериментот заедно со неговата студентката Роуз Рајнер во универзитетот „Џон Хопкингс“. Резултатите се објавени за прв пат во февруаското издание од 1920 година на „Experimental Psychology“. Целта на Вотсон и Роуз била да предизвикаат фобија во емоционално здраво дете. За експериментот тие избирале од болница 9-месечно дете по име Алберт.
Вотсон ги следел процедурите кои Павлов ги користел за експериментите со кучиња. Пред експериментот, на малиот Алберт за прв пат му биле прикажани: бело глувче, зајак, куче, мајмун, маски (со и без влакна на нив), памук, волна, огнени весници и други. Момчето не дало знаци на страв кон ниту еден од прикажаните објекти.
И така, за да биде експериментот точен, Алберт бил поставен во центарот на собата на еден душек. Пред него Вотсон ставил бел глушец, а на момчето му било дозволено да си игра со него. Во овој момент Вотсон правел силен звук зад грбот на детето, удирајќи парче челик со чекан секој пат кога Алберт ќе го допре глувчето. Детето реагирало на бучавата, плачело и покажувало дека се плаши. По некое време, кога повторно му го поставиле глувчето пред него, момчето веднаш се уплашило, почнало да плаче и да се обидува да избега од него. Алберт почнал да го поврзува белиот глушец со бучавата.
Со развојот на експериментот, Алберт почнал да дава знаци на страв не само кога го гледал белото глувче, туку кога пред него ќе бидат ставени и други предмети како зајак, куче па дури и маска на Дедо Мраз. Кога завршил експериментот Алберт имал повеќе од една година. Се смета дека ја напуштил болницата набргу потоа.
Иако Вотсон требал да го отстрани стравот од умот на детето, тој по експерименот немал време да се занимава со детето и постои можност тоа да продолжило да живее со фобија. Ова не може да се знае со сигурност затоа што вистинскиот идентитет на Алберт не е откриен.
Вотсон е критикуван повеќе пати за експериментот, а денешните закони не би дозволиле такво истражување да се спроведе. Интересно е како што рековме на почетокот, самиот Вотсон велел дека би можел преку бихевиористички техники да претвори неколку бебиња во личности какви што тој сака. За жал, сепак, тој не успеал да влијае на своите деца, родени од бракот со Роуз.
Неколку години по нејзината смрт во 1935 година, двајцата синови паѓаат во депресија. И двајцата имале обид за самоубиство, а едниот од нив, Вилијам подоцна и успеал да стави крај на својот живот. Неговиот брат Џејмс велел дека строгите принципи на бихевиоризмот со кои ги воспитувал нивниот татко не им дозволувале добро да се справат со човечките емоции. Тој додал дека токму техниките на неговиот татко ги спречиле да ја имаат потребната самодоверба за да се справат со животот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.