Курт Вонегат еднаш напишал дека музиката е единствениот доказ дека Бог постои. Но ако ја прашаме науката, таа би ни одговорила дека небесното нема ништо заедничко со начините на кои реагираме кога слушаме музика.
1. Зошто се „ежиме“ кога ќе ја слушнеме омилената песна, или дел од некоја песна?
Возбудата расте кога ќе ја слушнеме омилената песна, а тоа произлегува поради тоа што се поврзува делот од мозокот кој го обработува звукот и делот кој ги обработува емоциите. Но што точно го предизвикува „ежењето“? Кога слушаме музика нашиот мозок ги обработува мелодиите и ги предвидува повторувањата и музичките фрази. Кога нешто неочекувано (но пријатно) ќе се случи во песната, нашиот мозок реагира. Кај некои луѓе оваа реакција може да доведе до физичко-емотивно чувство – ежење. Научниците дефинитивно знаат што го предизвикува, но не се сигурни дали оваа реакција на мозокот се стекнува или е генетска.
2. Зошто потпевнуваме една иста песна цел ден?
Повторувањето на песните се повеќе расте во последните 55 години. Но зошто нашите мозоци сакаат да ги повторуваат песните толку често? Вистината е дека т.н. „exposure effect“ може да ни го даде одговорот кој го бараме. Мозокот ни се насладува на работите кои веќе ги знае – мелодија, ритам. Овој ефект е толку силен што ги активира мозочните центри и ги одредува музичките преференции. Токму затоа понекогаш сме склони да потпевнуваме песна во која има многу повеќе повторувања, по цел ден, дури и да не ја сакаме и да не сакаме да ја пееме. Дее..спаа..ситоо…
3. Зошто по некое време песните ја губат „магијата“?
Научниците веруваат дека мозокот поминува низ две фази, додека слушаме музика. Првата е очекувањето на нашиот омилен дел од песната, а вториот кога ќе го слушнеме и стигнеме до „врвот“ или кулминација, што доведува до одвојување на ендорфин. Се смета дека колку повеќе позната ни станува дадена песна, толку повеќе е „изморен“ нашиот мозок и веќе не е во исчекување на расплетот. Комплексноста на самата музика исто така игра улога, бидејќи научниците веруваат дека колку е посложена песната, толку побавно ја обработува мозокот и нема да ни здосади за брзо време.
4. Како определуваме кој стил музика ни се допаѓа?
Било направено истражување, во кои биле земени двајца пијанисти, едниот врвен искусен пијанист, а другиот студент во музичко училиште. Било побарано од група на луѓе да определат која изведба повеќе им се допаѓа, но пред тоа ги смениле натписите и на изведбата на студентот пишувало дека припаѓа на врвниот пијанист и обратно. Резултатите покажале дека луѓето инстинктивно ја избрале имплементацијата за која мислеле дека е на искусниот пијанист. Со други зборови – индивидуалните ставови за музиката се оформени најмалку од индивидуалните перцепции за нејзината вредност.
5. Зошто музиката нè тера да танцуваме?
Истражувањата покажуваат дека повеќе ритмички мелодии го активираат моторниот систем. Во исто време мозокот ни помага за координација, точноста и времето за танц. Координираните движења носат задоволство за мозокот што заедно со ритамот, едноставно предизвикува да се „чувствуваме“ уникатно и на тој начин расте нашата желба да танцуваме.