Дот Робинсон поминала над 800 километри тестови за издржливост. Таа поминала преку, песок, реки и планини, опасен терен за дама на мотор.
По два дена таа станала првата жена која победила на националниот шампионат за издржливост на Џек Пајн. Робинсон го посветила својот живот на спортот и ќе стане позната како „Прва дама на мотоциклизмот“. Но, пред тоа таа била член на „Motor Maids“.
Истата година кога Дот ја освоила наградата се запознала со Линда Диџо која сакала основа мото клуб за жени, инспирирана од „Деведесет и девет“, „војската“ на Амелија Ерхарт на женски пилоти. Тогаш тие две почнале со регрутирање на членови за „Motor Maids of America“.
Почетокот бил тежок. Првите жени кои станале членови на клубот биле отпаднички или пак се плашеле да не ги гледаат како такви. Преовладувачката претпоставка била дека сите женски моторџии биле „лезбејки кои ги мразеле мажите“. Соло патувањата низ целата земја биле прилично опасни, поради овие стереотипи.
За основачите, овие стравови го формирале столбот на нивната мисија. Тие станале амбасадори за спортот, го промовирале, ветувале сигурност и права на нивните членови и во првата година имале 51 членка.
Оригиналниот пристап бил клише. Робинсон вовела розова униформа со бели ракавици. Во текот на првите четири години, клубот растел споро. Но благодарение на репутацијата на Робинсон, „Motor Maids“ добиле поддршка од Артур Дејвидсон, основач на Харли-Дејвидсон. Одобрувањето помогнало да се легитимира нивната потрага. (Во меѓувреме, Робинсон и нејзиниот сопруг, Ерл, работеле за Харли во Детроит.)
Во 1944 година изгласале да се сменат униформите на клубот. Тие сега биле во сина и сребрена боја, а продолжиле да носат бели ракавици за формални настани и паради. Овој клуб имал повеќе правила но најважното правило било дека секогаш треба да се однесуваат како „дами“.
Дот Робинсон во нејзините подоцнежни години купила розев Харли и го возела низ цела Флорида, каде што се пензионирала. Таа престанала да вози на 85-годишна возраст, кога операцијата на коленото конечно ја спречила нејзината страст. Починала во 1999 година на 87 години. Коосновачот Линда, се преселила во Лос Анџелес, градот на автопатите. Таму таа возела црвен Харли. Починала во 2000 година на возраст од 86 години.
Денес, членството на „Motor Maids“ изнесува 1.200. Нивната најнова униформа се состои од црни панталони, црни чизми, кралско сина ролка, бел елек и да, бели ракавици.