Повеќето луѓе се трихромати, односно поседуваат три вида конусни клетки за да ја видат бојата. Една жена во северна Англија има четири вида функционални конусни клетки, што значи дека таа има способност да види многу повеќе бои отколку што повеќето од нас можат.
По повеќе од 25 години истражување научниците од Англија објавиле дека откриле жена која има дополнителен тип на конусни клетки. Според проценките, тоа значи дека може да види неверојатни 99 милиони, повеќе бои од останатите луѓе, а научниците сметаат дека таа е само една од голем број на луѓе со супер-вид, што тие ги нарекуваат „тетрахромати“, кои живеат меѓу нас.
Се смета дека секој тип конусна ќелија разликува околу 100 нијанси, па кога ќе ги вклучите сите можни комбинации на овие три конусни ќелии заедно, тоа значи дека можеме да разликуваме околу 1 милион различни бои. Повеќето луѓе кои што се далтонисти, можат да видат само околу 10.000 нијанси, а речиси сите други цицачи, вклучувајќи ги и кучињата и мајмуните, исто така, се дихромати.
Но, има еден лекарка во северна Англија, кој има четири конусни типови на клетки и може да разликува до 100 милиони бои. Идентификувана само како cDa29, научникот конечно ја пронашол жената која што е тетрахромат. Идејата за тетрахромати за првпат била предложена во 1948 година од страна на холандскиот научник Х. Л. Де Врис, кој открил нешто интересно за очите кај далтонистите.
Додека мажите далтонисти имале само две нормални конусни клетки и една мутирана кој е помалку осетлива или на зелена или црвена светлина, тој покажал дека мајките и ќерките на далтонистите имале една мутирана клетка и три нормални конуси. Тоа значеше дека тие имале четири типа на конусни ќелии, иако само три работеле нормално – нешто што било многу невообичаено за тоа време.
И покрај значењето на откритието, никој не посветувал многу внимание на тетрахроматите до крајот на 80-тите, кога Џон Молон од универзитетот во Кембриџ почнал да бара жени кои би можеле да имаат четири функционални конусни клетки. Под претпоставка дека далтонистите ја пренесуваат оваа четврта конусна ќелија врз нивните ќерки, Молон проценува дека околу 12 проценти од женската популација треба да бидат тетрахромати.
Но, сите негови тестови покажале дека овие жени можеле да гигледаат само истите бои како и сите нас, што значело дека само три од нивните конусни типови на клетки работеле, па затоа не биле вистински тетрахромати. Потоа, во 2007 година, невронаучникот Габрие Џордан од Универзитетот Њукасл во Велика Британија, кој претходно работел заедно со Молон, одлучи да се обиде со малку поинаков тест за да го побара овој супер-вид.
Тој земал 25 жени кои имале четврт тип на конусни ќелии и ги ставил во темна соба. Три оцртни кругови на светлина блеснале пред очите на овие жени. Само една од жените која била именувана како cDa29, можела да разликува три различни обоени кругови во секој тест.