Мемоарите на преживеаните соработници на Хитлер покажуваат дека тој искрено верувал во мистични сили. Тој дури бил убеден дека овие сили едноставно биле должни да му помогнат во изградбата на новиот светски поредок. Еден од артефактите, на кои се потпирал за таква „помош“, бил Светиот Грал.
Се разбира, пред него оваа мистерија се обиделе да ја решат десетици, ако не и стотици илјади други луѓе, паметни, образувани, материјално обезбедени и неповрзани со морални ограничувања. И никој не успеал. Ниту еден музеј во светот не објавил дека е сопственик на овој артефакт. Средновековните легенди раскажуваат за Гралот доста нејасно ,очигледно со цел да ги збунат ловците на богатство. И што е најважно – никој никогаш не го видел Гралот, затоа и описите на чашата се само приближни.
Но, штом нешто фирерот наредил, мора да се изврши. И моќната машина на целата германска држава почнала да бара, што би кажала старата поговорка „не знам што и не знам каде“. Одговорноста за наоѓање на Гралот била доделена на министерот за внатрешни работи Хајнрих Химлер. Тој веќе бил специјализиран за вакви мисии: Се обидел да создаде раса од над-луѓе, барал мистериозни земји како Шамбала и Атлантида. Сега на ред бил Светиот Грал.
Химлер ја доделил оваа задача на подредените, особено на институтит создаден специјално за вакви истражувања, „Аненербе“. Во финансирањето на операцијата немало ограничувања. Вработените во „Аненербе“ на чело со професорот Ото ги проучиле сите достапни архиви и дошле до следниов заклучок: ако Гралот бил пронајден од европските витези, тој најверојатно е скриен на територијата на Европа.
Претпоставката дека Гралот можеби се чува некаде во Германија веднаш била отфрлена, бидејќи Германија била темело истражена. Англија исто била исклучена, бидејќи доколку гралот е кај нив тие веднаш би се „пофалиле“ пред светот. Во случај Гралот да се наоѓал во Франција тогаш по антихристијанската „Голема француска револуција“ би требало да исплива на површината, за да биде осквернет од револуционерите.
Затоа главната зона за пребарување на реликвијата во Европа станале Италија и Шпанија – поточно, тешко достапните области на Алпите и Пиринеите. Специјални тимови на СС, камуфлирани како туристи, дење и ноќе ги пребарувале карпите, внимателно ги проучувале важните и напуштени храмови и манастири, како и секое место каде што некогаш минувале крстоносци или живееле христијански заедници.
Освен христијанските заедници, Германците уште повнимателно ги проучувале местата каде, според легендите, се криеле претставници на една од најголемите еретички „секти“ – Катарите. Катарите се појавиле во XII век. Тие категорично ги негирале сите христијански симболи: крстови, икони, како и постоењето на рајот и пеколот. Тие имале свои симболи и ритуали, а за нив многу бил важен Светиот Грал. Причината била тоа што црквата не го признавала Светиот Грал за света реликвија и поради тоа ова религиозно христијанско движење го присвоило.
Еден од најактивните баратели на Светиот Грал бил Ото Ран – фанатичен истражувач, вистински германски „Индијана Џонс“, кој ревносно верувал во постоењето на Светиот Грал и си поставил задача да го најде по секоја цена. Ото Ран дури влегол во СС само за да може мирно да се занимава со потрагата по реликвијата. Но кога потрагата била неуспешна и тој се обидел да излезе од СС, не му било дозволено и тој се самоубил.
А потоа почнала Втората светска војна, што сериозно ја проширила зоната на пребарување. Сега специјалните тимови, без никој да ги мачи, нурнати во архивите и манастирите на освоените земји. Полска и балканските земји биле буквално прекопани. Фирерот се подготвувал за големиот поход на Исток против Русија и затоа имал трескавична потреба од таква моќна реликвија како Светиот Грал, ако навистина постоел …
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.