Детално насликаниот глобус направен од спојување на двете половини од јајце од ној е најстарото познато прикажување на Новиот свет. Овој глобус од 16-тиот се изгубил со текот на времето, но повторно се појавил пред неколку години на „Саем на мапи“ во Лондон, кога бил забележан од колекционер на мапи.
National Geographic објави дека глобусот се нашол во рацете на колекционерот Стефан Мисин, откако го купил на саемот, кој ја координираше едногодишната анализа на неговата автентичност и возраст. Глобусот бил проценет од повеќе од 100 експерти за мапи. Резултатите откриле дека мапата на јајцето е оригинална и може да биде точно датирана дека припаѓа на 1504 година, што го прави овој глобус постар од претходниот најстар глобус на Новиот свет, познат како Хант-Ленокс глобус, кој датира од 1510 година и е направен од бакар.
Бидејќи карактеристиките на двата глобуса се идентични, ракописот, текстот, илустрациите, па дури и грешките на правописот се исти, експертите заклучиле дека јајцето од ној служело како калап за подоцнежните репродукции.
„Кој и да го направил глобусот морал да има пристап до најновите информации за истражувачите од сите европски земји кои се бореле за доминација во светот. Многу истражувачи се враќале од своите патувања кои длабоко го сменија начинот на кој луѓето го гледаа и разбраа светот. Обликот на азискиот полуостров, на пример, ги рефлектира истражувањата на италијанецот Хенрикус Мартелус, а двете мали острови на Северна Америка се оние кои ги откри Кристофер Колумбо. Другите детали ги рефлектираат тогаш неодамнешните истражувачки извештаи на Марко Поло, Корте Реалс, Кабрал и Америго Веспучи, кој го измислил името Нов свет или “MVNDVS NOVVS”, како што е означен на глобусот.“, пишува во списанието Discover Magazine.
Самата карта е фасцинантна. Во Индискиот Океан, може да се види еден брод како се превртува на брановите, неговото потекло и дестинација се непознати. Ова е исто така еден од двата глобуса кој ја содржи фразата HC SVNT DRACONES (тука се змејовите), која се појавува над брегот на Југоисточна Азија.
Новиот свет е исклучително рудиментиран. Ја нема Северна Америка, само неколку острови. Исабел(Куба) и Спагнола(Хиспаниола) се именувани. Другите не се. Јужна Америка е етикетирана како TERRA DE BRAZIL (Бразил), MVNDVS NOVVS (Нов свет) и TERRA SANCTAE CRVSIS (Земјата на Светиот крст).
Овој глобус е исто така редок и поради материјалот од кој е направен. Најчесто старите мапи се сликале на велум (пергамент од кожа) или пак од дрво. Но јајцата од ној како глобус биле прилично непознати за тоа време. Во Италија во XVI век, благородништвото честопати ги користело ноевите како знак за нивниот статус, па затоа мапата можела да биде нарачана од италијанско благородно семејство, но нејзиното точно потекло е мистерија.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.