Тешко е да се замисли, но голем дел од светските коорпорации денес се родени во мали гаражи во сиромашните населби. Луѓето кои стојат зад овие коорпорации ја немале секогаш потребната поддршка, но имале желба за успех, која им помогнала да бидат таму каде што се денес.

10. YouTube

 

Чад Херли, Стив Чен и Џаед Карим станале пријатели во 2005 година додека работеле за PayPal. Една вечер Стив и ЧАд имале забава на која Џаед не можел да присуствува, и споделување на видео со него било исклучително тешко. Ова бил првиот чекор кон YouTube. Денес, YouTube има околу 1 милијарда корисници, речиси една третина од сите интернет корисници.

9. Убер

Во 2008 година, успешните програмери Тревис Каланик и Гарет Камп отишле на конференција во Париз и сфатиле дека е неверојатно тешко да се најде такси таму. Затоа тие почнале да бараат решение. Следната година, UberCab беше лансиран во Сан Франциско. Познати личности обезбедија добра реклама: Ештон Качер, Едвард Нортон и Џеј-З ја користеа услугата. Денес Uber е број еден такси сервис во светот. Онлајн услугата, исто така, има многу придружни апликации вклучувајќи ја и услугата за испорака на храна UberEats.

8. NIKE

Недостатокот на евтини патики во американските продавници го поттикнал Фил Најт да ги нарача во Азија и да ги продава во САД. Во 1965 година, ја именувал својата компанија Најк (по божицата на победата) и започнал со сопствено производство. Познатиот остр ѓон првпат бил направен со железо од вафли. Најк наскоро имал 50% од американскиот пазар. Во 1984 година, биле направени познатите Џордан патики за Мајкл Џордан. Кошаркарот плаќал парична казна од 5.000 долари пред секој натпревар, но оваа прва „реклава во живо“ беше многу успешна.

7. Икеа

Тој продавал божиќни картички, печурки и бобинки, но на 17 години момче по име Ингвар Кампрад ја основал ИКЕА (името е од првите букви од неговото име, фарма и село). Ова го револуционизира светот на мебелот. Тој излезе со идејата за продажба на стока во расклопна форма.

6. Инстаграм

Кевин Систром бил љубител на фотографијата и опседнат за создавање на свој бизнис. По неговата трета година во Стенфорд, отишол во Фиренца за да студира фотографија и му била дадена Холга од 1982 година. Ова е филмска камера која прави ретро квадратни слики. Тие изгледаат кул со речиси никаков напор од фотографот. Ова го инспирирало Систром да создаде услуга која може да создаде ремек-дела од лоши фотографии. На 6 октомври 2010 година, кога Instagram се појавил во App Store, започна ерата на мобилната фотографија. Во 2012 година Instagram беше купен од Фејсбук за 1 милијарда долари.

5. Warner Bros.

Во 1918 година 4 момци од Америка и љубители на киното, браќата Хари, Алберт, Сем и Џек Ворнер го креирале Warner Bros., Хари и Алберт се грижеле за финансиите, а Сем и Џек ракувале со филмовите. Ова студио го објави првиот фил со звук (The Jazz Singer, 1927), првиот филм со хорор звук (The Terror, 1928) и првиот филм во сите бои (On with the Show! 1929).

4. Лего

Во 1932 година, данскиот столар Оле Кирк Кристиансен банкротирал, станал вдовец и останал сам со 4 деца. За да го одржи ведриот дух почнал да изработува играчки за нив и наскоро почнал и да ги продава. Тој им го дал името ЛЕГО, од данскиот збор leg godt, што значи добро да се игра. Тој потоа отворил продавница. Успехот низ целиот свет пристигнал во 1954 година, кога бил направен целосен систем.

3. Зара

Во 1975 година, шпанскиот кројач Амансио Ортега се шетал со неговата девојка, тој во излог здогледал убава наметка но била многу скапа. Тогаш тој дошол до идеја за изработка на својата извонредна, но евтина долна облека. Денес тајната на успехот на Зара лежи во брзата мода и користи тони податоци за да ги предвиди трендовите.

2. Kinder Surprise

Во 1940 година, Пјетро Фереро почна да прави слатки во мала пекарница. Преку неговите експерименти, тој станал познат низ Италија и наскоро низ целиот свет. Во 1965 година, уздите ги презел неговиот брат Џовани, а потоа и неговиот внук Мајкл, кој го измислил Kinder Surprise инспириран од италијанската Велигденска традиција. Првата пратка на јајцата во 1972 година се продала за еден час!

1. Apple

Првиот компјутер на Apple беше прикажан пред јавноста на денот на шегата во 1976 година, со цена од 666,66 долари. Што се случи со неговите творци, Стив Џобс и Стив Возњак, малку подоцна е познато на мнозинството од светското население. Ние само ќе ја споменеме 2007 година, револуционерна година за Apple, кога беше пуштен првиот iPhone, кој засекогаш го смени светот на паметните телефони.

Сподели на Facebook
пати видено