Дали некогаш сте посакале едноставно да ја напуштите вашата работа (ако ја имате), да си направите/купите брод и да го пропатувате светот? Можеби ви се чини како малку екстремно, но во секој случај е дел од сништата на многу момчиња. Рој Шрајер решил да си го исполни тој сон од детството, и го споделува тоа со целиот свет.
Дизајнот на Рој Шрајер
Структурата е изградена на минималистички начела, за најдобро да се искористи просторот.
Добрата страна на ова бротче е што може да се закотви било каде. За морска пловидба е малку несигурно, но идеално е за крстарење низ некое езеро за време на викенд.
Внатре е поудобно и со повеќе простор отколку што би претпоставиле. Сосема доволно за удобно да се сместат повеќе луѓе.
Просторијата за седење може да се намести во спална соба. Замислете си колку е удобно да се спие додека ги слушате брановите како удираат во чамецот.
Дрвеното кормило е изработено во традиционален стил.
Внатрешноста е со прозорци за секој да има добар поглед.
Кабината може да се намести и за сервирање на ручек.
Идеално за попладневен пикник.