Многумина луѓе ги мрзи самите да си подготват храна, па така најчесто се потпираат врз купувањето готови производи кои треба само да се изедат. Се разбира, ова заштедува и време и труд, но понекогаш цената за тоа е лошиот квалитет на производите и потенцијално нездрава исхрана. Масовно произведуваната и процесирана храна е полна со разни хемикалии коишто можат да направат пустош во нашите тела. Тоа можеби нема да ни се одрази денес иили утре, но по неколку децении на внесување на сите тие отрови, лошите навики на исхрана еден ден секако ќе дојдат по својот данок. Секој од наведените примери во листава содржи состојки кои се навистина вознемирувачки.

1. Во газираните сокови има ортофосфорна киселина, која исто така се употребува во т.н. киселински бањи за отстранување на `рѓа од метални материјали.

hr1

2. Полидиметилсилоксан е состојка која ја има во многу од видовите на брза храна. Но, исто така е и составен дел на т.н. интелегентен пластелин, како и на силиконските градни импланти.

hr2

3. Ксантанската гума, која се употребува како додаток за салати и сосови, се прави од бактерија која се јавува при скапувањето на зеленчукот.

hr3

4. Пченкарниот сируп се додава во сладоледите, брзата храна, соковите, лебот, слатките, зачините и т.н. и се употребува како замена за шеќерот. Но, истражувачите откриваат дека конзумирањето на пченкарен сируп е многу понездраво од конзумирањето шеќер.

hr4

5. Карминска киселина (кармин, кохинеал) е тоа што се употребува да се обојат јогуртите и овошните пијалоци во црвена боја. Се добива од – смачкани инсекти.

hr5

6. Карагинан е честа состојка во пивото, која се екстрахира од морски треви. Се употребува и во некои сексуални лубриканти бидејќи спречува пренесување на сексуални болести.

hr6

7. Сорбитал е здрав шеќерен алкохол кој е присутен во гумите за џвакање и пастите за заби, но во претерано количество дејствува како лаксатив.

hr7

8. Желатинот, основна состојка на разните видови желеа и т.н. гумени бонбони главно се добива од животински коски, на пример од коза.

SONY DSC

Сподели на Facebook
пати видено