Тим од кинески научници реши да го тестира најбрзиот супер-компјутер, така што со помош на него го создадоа најголемиот виртуелен универзум. Тие овој потег го нарекоа „вежба за загревање“, за машината наречена Sunway TaihuLight, која што користела 10 милиони процесорски јадра за да ги обезбеди бројките за симулацијата.
Универзумот на Sunway бил пет пати поголем од симулацијата направена од астрофизичарите во Цирих, во јуни. Единствената негативна карактеристика е што оваа симулација траела само еден час, а додека во Швајцарија траела 80 часа.
Симулацијата на космосот може да им помогне на астромоните да ги истражат ветувачките делови од вселената и да се расветлат одредени мистериозни конпоненти, како црната материја и црна енергија. Симулацијата на тимот од Кина, всушност го рекреирала раѓањето и проширувањето на универзумот, 10 милиони години по Големата Експлозија. За жал тие тука и престанале. Лидерот на тимот Гао Лианг изјавил дека супер-компјутерот имал други клиенти кои чекале услуги од него тој ден.
Кинеските супер-компјутери најчесто имаат големи слабости и ретко работат со полн капацитет. Тимот на научници најверојатно пронашол начин како да ја максимизира моќта на Sunway, затоа што овој проект ја довел машината до нејзиниот максимум, без притоа да ја оштети.
Гао се надева дека ќе направат симулација која ќе почнува од самото раѓање на универзумот па се до денес, кој моментално е стар околу 13, 8 милијарди години. Но за овој експеримент тие ќе чекаат наследникот на Sunway да биде ставен во функција. Овој супер-компјутер од наредната генерација наводно ќе биде 10 пати побрз од Sunway и би требало да биде готов некаде во 2019 година.