Животот во 17-тиот век во Порт Ројал, Јамајка, честопати нарекуван „најстрашниот град во светот“, се одликувал со голем број на пирати, ловци на богатство, грабежи, коцкање и прекумерено консумирање на храна, алкохол и жени. Меѓутоа, екстраваганциите на најбогатото пристаниште во Западните Инди доби брз крај во точно 11:43 на 7 јуни 1692, кога Порт Ројал го обзема земјотрес и две третини од градот потонаа во морето.
Денес, Порт Ројал е едно од најважните археолошки наоѓалишта на Карибите и единствениот потонат град на Западната хемисфера, но многу мал дел од него беше обновен, па дури и мапиран до сега. Нов проект покренат од Универзитетот во Нотингем го скенираше пиратскиот град со висока резолуција користејќи оптичко мапирање и роботизирана технологија. Се надеваме дека истражувањето ќе ја поддржи пријавата на Јамајка за добивање статус на светско наследство на УНЕСКО за локацијата.
Порт Ројал се наоѓа на јужниот брег на Јамајка. Бидејќи областа имала големо и добро заштитено пристаниште, со длабока вода во близина на брегот, набргу Порт Ројал станал важен трговски центар на Карибите и за кратко време и најбогатото пристаниште во Западните Инди.
Поради својата стратешка позиција на трговските патишта помеѓу Новиот Свет и Шпанија, Порт Ројал бил многу привлечно место за пирати кои се обидувале да станат легитимни приватници. Еден од најпознатите и успешни приватници во Порт Ројал бил капетанот Хенри Морган, кој подоцна станал гувернер на Јамајка.
Славните денови на Порт Ројал завршиле по големиот земјотрес и цунами во 1692 година, кога две третини од градот потонале, а 1.600 луѓе загинале и околу 3.000 биле тешко повредени. Уште 3.000 луѓе загинале во деновите по земјотресот од повреди и болести.
Непосредно по земјотресот судбината на Порт Ројал се припишала на „божји гнев“ врз луѓето од Порт Ројал, поради нивните грешни патишта. Членовите на Советот на Јамајка изјавиле: „Ние со ова станавме пример за строгиот суд на Семоќниот Бог.“
Бидејќи Порт Ројал постоел само 37 години пред уништувањето од земјотресот, тоа е една од ретките локации каде што голем дел од објектите и предметите се добро сочувани. Додека некои делови од градот биле разрушени од земјотресот, други едноставно се лизгале кон морето и останале речиси целосно непроменети. На веб-страницата на УНЕСКО е опишана една таква улица:
„Железни садови сеуште стојат над огништата со јагленисано дрво. Купишта од калапи со калај биле пронајдени додека паѓале од нивниот простор за складирање под скалите во она што се претпоставува дека е област на служење на еден објект. Скелети на деца биле пронајдени меѓу разрушените ѕидови на нивните домови. Исто така пронајдени се и остатоци од буриња во кои било складирано ѓубрето од тој ден, вклучувајќи и исечена коса и брада на некој човек. Голем број на керамички садови биле пронајдени сочувани или пак скршени на местото каде што паднале. Беспрекорно зачувани.“
Точното време на земјотресот било утврдено преку џебен часовник кој бил пронајден во урнатините во 1960 година од страна на Едвард Линк. Д-р Хендерсон и неговите колеги сега користат најнова технологија за да создадат прецизен дигитален модел на урнатините на Порт Ројал во три димензии, со фотореалистични детали. Истражувањето ќе се користи за поддршка на кандидатурата за статусот на наследство на УНЕСКО, признавајќи ја огромната историска важност на Порт Ројал.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.