Со надеж дека ќе се издигнат над законите и прописите на нациите, група луѓе имаат храбар план за изградба на пловечки град во Тахити, Француска Полинезија. Ова можеби звучи како научно-фантастична дистропија, но мозоците зад проектот велат дека нивната техно-либертаријанска заедница би можела да стане рај за технолошкото претприемништво и научните иновации.
Институтот Seasteading бил формиран во 2008 година од софтверски инженер, покер играч и политички економски теоретичар Патри Фридман, со финансирање од основачот на PayPal, милијардерот Питер Тил. Овие двајца жестоки либералисти, имаат мисија да основаат „Постојани, автономни океански заедници кои ќе овозможат експериментирање и иновации со различни општествени, политички и правни системи.“
„Seasteading ќе создаде уникатни можности за аквакултура, вертикално земјоделство и научни и инженерски истражувања во областа на екологијата, енергијата на брановите, медицината, нанотехнологијата, информатиката, биогорива и сл.“, пишува на нивната веб-страница.
Нивната визија се состои од повеќе армирано-бетонски платформи, приближно со големина од 50 на 50 метри, поставени во водата. Платформи ќе бидат во можност да издржат трикатни згради, заедно со паркови, канцеларии и апартмани за луѓето кои ќе живеат внатре. За почеток, ќе биде дом на најмалку 250 жители. Идеално, целата населба исто така ќе се напојува со обновлива енергија.
Населбата ќе треба да ги следи меѓународните закони, но институтот се надева дека ќе има минимални владини регулативи, што значи дека научните истражувања и претприемништвото нема да бидат „спречени“ од бирократијата.
„Новите иновации бргу го трансформираат светот. Институтот Seasteading ќе помогне да се донесат поголем број од тие иновации во јавниот сектор, каде што се од витално значње. Децениите од сега оние кои ќе погледнат назад на почетокот на векот ќе разберат дека Seasteading бил очигледен чекор кон поттикнување на развојот на поефикасни, практични модели од јавниот сектор ширум светот.“, изјавил Питер Тил.
Институтот веќе потпиша договор со владата на Француска Полинезија и до крајот на оваа година тие треба да и достават на владата истражувања за економските ставови и ставови за животната средина на градот. Потоа владата ќе одговори со соодветната законска рамка. На крајот, тие ќе делуваат како „домаќин-нација“ во градот.