Честер Бенингтон, пејачот на мегапопуларната група „Линкин парк“ беше пронајден мртов во неговиот дом во Палос Вердес во близина на Лос Анџелес. Честер се самоубил со бесење на сличен начин како што го направи тоа неговиот добар пријател Крис Корнел, во мај оваа година. Исто така денот на неговото самоубиство се совпаѓа со роденденот на Корнел. Честер се борел со зависноста од дрога и алкохол, но исто така се борел и со депресијата.
Неговите блиски пријатели биле шокирани од смртта на пејачот, но голем дел од нив изјавиле дека тој повеќе не бил истата личност по смртта на неговиот пријател. Во едно од неговите последни интервјуа Честер отворено разговарал за тоа како се чувствува.
Во разговор со Вил Лавин, Честер изјавил: „Дојдов до точка во мојот живот, каде што бев, онака, или ќе се откажам, или е*ано ќе умрам, или е*ано ќе се борам за она што го сакам. Решив да се борам. Сакам да имам добри односи. Сакам да ги сакам луѓето во мојот живот. Сакам да уживам во мојата работа. Сакам да уживам да бидам татко и да имам пријатели и само да се разбудам наутро. Бидејќи тоа беше борба за мене.“
Тој исто така отворено зборувал за тоа како најновиот албум на бендот му помогнал да излезе од „најтемните времиња“ на неговиот живот, додавајќи дека тоа е поентата поради која „одлучил да се бори за онаа што го сака.“
Последниот албум на групата имал големо значење за Честер и преку него тој наоѓал начин како да ги изрази чувствата и неговата лична болка.
„Тоа беа работи на кои што можев да поработам, ако сакам да бидам среќен. Знаеш? Да се направам способен да се носам со животот, според условите на животот, бидејќи не секогаш е мед и млеко, но не мора да биде секогаш ужасен кога не е така. На мене ми требаше многу работа. Всушност ме натера да се отворам кон пријателите во врска со тоа и да пишувам за тоа и да одам на терапија бидејќи се борев со своите демони.“
Тој исто така изјавил дека неговата сопруга Талинда, неговите шест деца, бендот и пријателите му помогнале да пронајде сила да се бори со своите демони. За жал Честер ја изгубил битката со внатрешните демони, а музичкиот свет изгуби уште една музичка легенда.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.