Археолозите биле изненадени кога откриле „чудни урнатини“, во едно турско езеро кои всушност се остатоци од базилика изградена пред 1.600 години. Покрај тоа, градот поврзан со потопената црква е клучна локација за религиозната историја. Маченикот поврзан со оваа црква, наводно, имал натприродни сили и можел да направи вода да тече од камен. Сега се подготвуваат планови според кои базиликата треба да стане подводен музеј.
Античка Никеја, денешен Изник, во Турција има централно значење за историјата на христијанството. Во 325 година, тоа било местото на првиот Вселенски собoр, оној што е одговорен за разјаснување на православната христијанска позиција за божественоста на Христос и неговата врска со Бога и со хуманоста. Тоа е, исто така, локацијата на последниот Вселенски собoр, кој се одржал во 787 година и го решавал прашањето за иконоборството (верско движење кое ги забранува иконите, фреските и други визуелни претстави за светците).
На оваа место имало многу цркви и било посетено од повеќе светци. Се верува дека потопената базилика е поврзана со светецот-маченик Неофит Никејски. Црквата била откриена на дното на езерото Изник, додека турските археолози ги испитувале водите за да пронајдат било какво културно наследство, затоа што одреден период кружеле гласини од рибарите дека забележале „чудни урнатини“.
Градот Никеја се верува дека бил основан од колонисти од Ботиаја, кои биле протерани од страна на Македонците за време на архаичниот период (околу 800-500 п.н.е.). Градот бил уништен по времето на Александар Македонски и повторно бил изграден околу 315 п.н.е. од Антигон I. До 280 година п.н.е., Никеја била под контрола на кралството Битинија, а во 72 п.н.е. градот бил освоен од Римјаните.
Во 325 година, царот Константин собрал 220 Епископи во градот за да го реши главниот спор околу доктрината што се појавила во христијанскиот свет во тоа време. Советот бил одговор на тврдењето на епископ по име Ариус, кој велел дека Исус е моќен, но не е еднаков со Бог и дека тој е само уште едно создадено битие. Вториот главен Вселенски собoр што се одржл во Никеја, во 787 година, бил за сосема друго прашање, иконоборство. Во тоа време, неколку византиски императори, особено императорот Лав III (717-741 година), верувале дека поклонувањето на иконите е форма на идолопоклонство. Лав III бил првиот христијански император кој наредил уништување на сите икони.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.