„Вештачки глечери“ обезбедуваат вода за земјоделците во Ладак, Индија, со што тие можат да ја продолжат сезоната за жетва и да имаат по две жетви во една година а исто така овозможува да се создадат пасишта за одгледување добиток.
Оваа техника се практикува со векови во планините на Хинду Куш и Каракорум. Пензионираниот градежен инженер Чеванг Норфел, локално познат како „ледениот човек“ создава вештачки глечери во Ладак повеќе од 20 години. Потоците се пренасочуваат во октомври и ноември кон страната од планината во која што нема толку многу сонце и е сенка, каде што се изградени камени насипи за да се одржи водата во повеќе плитки базени. Тука таа замрзнува, но се движи низ тесни цевки, како што времето станува се потопло во пролетта.
Локалните заедници во Ладак покажале голем ентузијазам за ова решение и одлучиле да ги покријат скромните трошоци на десетици вештачки глечери кои Норфер досега ги завршил. Првиот од нив, во селото Футце е најголем со должина од околу 2 километри, додека другите се високи околу 250 метри и широки околу 100 метри и имаат околу 20.000 кубни метри вода. Оваа инсталација чини само 6.000-10.000 долари. Материјалите се од локалното место камења и земја и нема потреба од пумпање или друга употреба на енергија, само рачна работа.
Алармантни 260 гигатони свежа вода се губат секоја година поради топењето на глечерите. Ејми Хигинс, која ја напишала својата докторска дисертација за глечерите во Ладак, објаснила како тие влијаат врз локалните земјоделци: „Со оглед на тоа што климатските промени ги отфрлаат циклусите на глацијално растопување во земјоделската сезона, водата се повеќе се намалува за земјоделците во Хималаите. Исчезнаа глечерите на пониските надморски височини што се користат за обезбедување на витална вода за наводнување на култури во март и април и бидејќи сега останаа само оние кои се повисоко, не се обезбедува вода од нив се до јуни.“