– Женo, нешто ми падна крвниот притисок!
– Кажи што сакаш повеќе – кавга или да одам да ја удрам колата некаде!?

– – – – – – –

Еден млад дечко запира една жена во центарот на Скопје и ја прашува:
– Бабо, како најбрзо да стигнам до Зоолошката Градина?
– Многу едноставно. Речи ми уште еднаш “бабо”!

– – – – – – –

Често се прашувам, како мажите можеле да откријат цели континенти? Овој мојот… маслото во фрижидерот не може да го најде!

– – – – – – –

Жената му вели на мажот:
– Душо, измислив начин како да чувствувам задоволство од се*сот со тебе, иако сме 10 години во брак?
– Како?
– Ќе си плаќаш!

– – – – – – –

– Ауу… колку е убава, бушава и мека! Може ли да ја погалам, ќе ме касне ли?
– Се извинувам господине, вие сигурен ли сте дека сте вистински гинеколог?

– – – – – – –

СРЦЕТО:
– Должен си да ѝ кажеш што чувствуваш…
МОЗОКОТ:
– Само да си се осмелил да го направиш тоа…
АЛКОХОЛОТ:
– Пораката е испратена…

– – – – – – –

На прв состанок на слепо:
– Сакаш ли да направиме нешто импулсивно?
– Да!
– И различно!
– Да!
– И да ја пометиш вечерва цел живот?!
– Да!
– ОК, чао.

– – – – – – –

Двајца милионери разговараат на терасата на луксузен хотел:
– Има само еден чесен начин да станеш милионер! – вели едниот.
– Кој е тој?
– Бев сигурен дека и ти не го знаеш!

– – – – – – –

Меѓу пријателки:
– Нема веќе вистински мажи, вистински џентлмени!
– Е како нема? Мојот дечко ми го држи чадор кога врне дожд додека јас менувам гумата на колата.

– – – – – – –

– Жено, цела вечер пиев за твое здравје!
– Како што те гледам, изгледа дека веќе сум бесмртна…

– – – – – – –

2017 година…
– Тато, од што се направени облаците?
– Па главно од Linux сервери и мрежна инфраструктура…

– – – – – – –

Сподели на Facebook
пати видено