Летањето е статистички најбезбеден начин за патување. Само 0,07 смртни случаи на една милијарда се припишуваат на летање со авион од 2000 до 2009 година, во споредба со 7,28 со автомобил. Дури и кога шансите се во наша корист, постојат писти кои би го направиле и најопуштениот патник екстремно нервозен.
10. Меѓународниот аеродром Тонконтин, Тегусигалпа, Хондурас
Тонконтин се смета за еден од најопасните аеродроми во светот поради кратката писта и високиот планински терен. Во 2008 година се урнал Airbus 320, откако излетал од пистата по слетувањето. Добрата вест е што во 2018 година ќе биде заменет со нов аеродром, Палмерола.
9. Ледена писта, Антарктик
Изградена првенствено за употреба од страна на американската Антарктичка програма, оваа писта се наоѓа во близина на станицата МекМурдо и буквално е на мраз. Секоја година пистата се гради за сезонска употреба, а авионите треба да се тргнат од неа бргу за да не потонат кога ќе пукне мразот.
8. Матекане, Лесото, Јужна Африка
Оваа писта е долга само 400 метри, а на нејзиниот крај има провалија од околу 600 метри. Се користи првенствено за добротворни организации кои сакаат да стигнат до оддалечените села, голем број на авиони не успеваат да полетаат пред да стигнат до крајот на пистата и тие мораат да продолжат надвор од пистата во амбисот и да полетаат додека паѓаат.
7. Меѓународен аеродром Бара – Бара, Шкотска
На оваа место има закажани слетувања на плажата. Постојат три писти на Бара, но сите тие исчезнуваат под морето за време на голема плима. Во ретка прилика кога авионот е принуден да слета навечер, светлата на авионот се користат за осветлување на рефлектирачките маркери на пистите.
6. Меѓународниот аеродром Кристијано Роналдо, Санта Круз, Португалија
Во 2000 година пистата била продолжена во водата со помош на 180 столбови. Необичната писта се граничи со океанот од едната страна и ридовите од другата страна.
5. Јинченгјанг аеродром, Хечи, Кина
Изграден на околу 2.000 метри надморска височина, така што морало да се стави експлозив во планините за да може да се создаде нова писта.
4. Меѓународен аеродром „Принцеза Џулијана“, Свети Мартин
Пистата се наоѓа веднаш до Махо плажата и ова место станало популарно кај туристите поради можноста за интересни фотографии. Оваа место е прилично опасно за туристите и има се повеќе смртни случаи.
3. Куршевел, Франција
Лоциран во француските Алпи, Куршевел Алтипорт се смета за најопасен аеродром во Европа. Аеродромот ја има една од најкратките писти во светот (525 метри). Нема светла или техничка опрема за да им помогне на авионите. Тој се прослави во филмот за Џејмс Бонд, „Утре никогаш не умира“.
2. Паро аеродром – Паро, Бутан
Овој аеродром е толку опасен што само мал број на пилоти слетуваат тука. Слетувањето на овој аеродром е дозволено само во текот на денот и пилотите мора да бидат способни да слетаат со помош на визуелни елементи, наместо опрема. Кратката писта е поставена во долината, опкружена, со високите врвови на Хималаите од 5.000 метри, што го отежнува слетувањето.
1. Аеродром Тензинг-Хилари, Непал
Често доделуван со титулата, најопасниот аеродром во светот, аеродромот Тензинг-Хилари е портата на Монт Еверест. Пистата е долга само 527 метри и е опкружена со високи терени и стрмни долини. Нема радар за да им помогне на пилотите и поради планинскиот врв нема да можете да се свртите и да се обидете повторно. Имало многу несреќи во текот на годините. Во 2008 година, 18 лица загинале кога авион се урнал во планината поради тешка магла. Додека претходно оваа година загинаа 2 лица кога товарен авион се спушти на само 200 метри од пистата.