Аквапоника е комбинација на аквакултура (одгледување на риби) и хидропоника (одгледување на растенија без почва), со која се одгледуваат риби и растенија заедно во еден интегриран систем. Изметот од рибите обезбедува извор на органска храна за растенијата, а растенијата природно ја филтрираат водата за рибите.

Овој процес користи само 1/10 од водата која што се користи во традиционалното земјоделство. Трети учесници се микробите(нитрифицирачки бактерии). Овие бактерии го претвораат амонијакот од рибниот отпад првин во нитрити, а потоа во нитрати. Нитратите се форма на азот што растенијата можат да го превземат и да го користат за растење.

Една од најдобрите карактеристики на Аквапониката е што можат да се одгледуваат голем број растенија на мала површина. Ниту еден друг метод не го прави ова подобро од вертикалната аквапоника. Растенија се наредени едни врз други во „кула системи“ како што е AquaVertica. Водата тече низ врвот на кулата заедно со ѓубривото и корењата на растенијата апсорбираат вода и хранливи материи. Водата потоа паѓа во коритото или директно во резервоарот за риба.

Традиционалните хидропони системи се потпираат на внимателна примена на скапи, вештачки хранливи материи направени од комбинација на хемикалии, соли и слично. Во аквапониката, само се хранат рибите со евтина храна за риби или остатоци од храната која што самите ја произведувате.

Водата во хидропонските системи треба периодично да се испушта, бидејќи солите и хемикалиите се зголемуваат во водата и стануваат токсични за растенијата. Ова е незгодно и проблематично, бидејќи локацијата за отстранување на оваа отпадна вода треба внимателно да се одбере. Во Аквапониката, не треба да ја заменувате водата, само додавате вода кога дел од неа ќе почне да испарува. Хидропонските системи се склони кон болест наречена „pythium“ или гниење на коренот. Оваа болест не постои во Аквапониката.

Сподели на Facebook
пати видено