Му пратив на маж ми писмо… љубовно – анонимно. Чекам… да видам дали ќе престраши да ми каже…

– – – – – – –

– Тато, сите ли приказни почнуваат со зборовите „Си било еднаш, многу одамна…“?
– Не, сине. Најдобрите приказни почнуваат со зборовите „Ако гласате за мене на изборите…“

– – – – – – –

Дождот и заладувањето се како НЛО – сите зборуваат за него, но никој не го видел.

– – – – – – –

Во авион. Многу срамежлив дечко се обидува да почне муабет со девојката што седи до него. Вдишува – издишува неколку пати и конечно собира храброст и ја прашува:
– Извинете, и Вие ли патувате со овој авион?

– – – – – – –

2020 година, детска градинка. Момче прашува девојче:
– А твоите родители на кој чет се запознале?

– – – – – – –

Маж се јавува во интензивна нега:
– Жена ми прашува како е баба ми?
– Подгответе се за најлошото…
– Што? Жива ли е?

– – – – – – –

Плавуша ѝ вели на својата другарка:
– Си закажав термин на педијатар!
– Зошто?
– Сакам да си направам педикир.

– – – – – – –

– Мамо, излегувам!
– Никаде нема да одиш, додека не ја смениш таа сукњичка!
– Но, зошто, толку е се*си?
– Затоа што се гледаат топките, Ричард!

– – – – – – –

– Мртви родители?
– Не.
– Силување, анорексија, трауми од детството?
– Не.
– Жалам, но не можете да учествувате во реалното шоу „Гласот на Македонија“…

– – – – – – –

– А бе, ти после се*с се капеш ли?
– Да, зошто?
– Време ти е да легнеш нешто…

– – – – – – –

– Едно кафе со десет шеќерчиња молам!
– Зошто се мачиш тетке, дај директно да ти донесам една тулумбичка!

– – – – – – –

Антички Римјанин во продавница за облека:
– И од кога XXL е поголемо од XL?!

– – – – – – –

– Жаре, ти се плашиш ли од својата жена?
– Не.
– Е како го правиш тоа?
– Па… слушкам…

– – – – – – –

– Драги, многу си убав, кога си пијан.
– И ти си многу убава, кога сум пијан.

– – – – – – –

Сретнале се двајца психијатри. Едниот го поздравил другиот:
– Здраво колега. Ти си добро. А јас како сум?

– – – – – – –

Судијата:
– Господине, зошто сакате да се разведете?
– Пааа… жена ми е црвенокоса долу.
– Тоа не е повод за развод!
– Знам, господине судија, но сите колеги ми се смеат…

– – – – – – –

– Зошто се задржа толку долго во бањата?
– Ги менував зимските гуми со летни.
– Што ти значи пак тоа?
– Си ги бричев нозете!!!

– – – – – – –

– Мамо, види најдов пингвинче во Киндерот! Мамо, зошто плачеш? Мамо, ветувам во најскоро време ќе си најдам работа и ќе се оженам…

– – – – – – –

Веќе неколку дена врне. Мојот дечко е многу депресивен – само стои и гледа преку прозорецот… Ако продолжи така да врне, ќе мора да го пуштам внатре.

– – – – – – –

– Знаеш ли која е разликата помеѓу твојот к*р и твоите шеги?
– Која?
– На твоите шеги никој не се смее…

– – – – – – –

– Си купив куче.
– Која раса е?
– Чивава.
– Наздравје. Која раса е?

Сподели на Facebook
пати видено