Низ историјата има повеќе криминалци кои биле вешти во криење од раката на законот. Но понекогаш властите можат да бидат многу упорни и не се откажуваат се додека не ги видат виновниците зад решетки.
Хоакин „Ел Чапо“ Гузман
Ел Чапо беше најголемиот наркобос во Мексико во 90-тите години. Под водство на Гузман, картелот Синалоа „увезувал“ дрога во САД, повеќе од било која друга криминална организација во минатото. Првично бил фатен во 1993 година, но избегал во 2001 година откако ги поткупил чуварите и се криел во количка за перење за да излезе од затвор. Ел Чапо потоа одел да јаде во ресторани, ги земал мобилните на гостите, го плаќал јадењето за сите, а потоа си заминувал. Тој бил фатен повторно во 2014 година, но побегнал преку сложена серија тунели. Неверојатно нешто во врска со ова второ бегство е тоа што било снимено во живо на видео. По исцрпувачка потера, Чапо на крајот бил фатен повторно во 2016 година. Подоцна бил екстрадиран во САД, каде што во моментов го чека судењето.
Бони и Клајд
Постојат многу заблуди во врска со Бони и Клајд. За почеток, тие двајца не работеле сами, тие беа дел од поголема група „Бароус банда“.Сепак, само Бони и Клајд ќе станат фокус на потерата која ќе ја разбуди имагинацијата на луѓето за романтичниот живот во бегство. Бони и Клајд беснеат низ Америка од 1930 до 1934 година, се додека во Луизијана во 1934 година, тим предводен од Френк Хамер, ренџер од Тексас, која ги проучувал и ги следел активностите на парот веќе три месеци, не им поставил заседа на двојката. Френк и неговиот тим отвориле оган кон автомобилот на Бони и Клајд по што ставиле крај на „криминалната треска“.
Џон Дилинџер
Овој гангстер кој ограбувал банки па дури и полициски станици, навистина се подрудил да не биде откриен од полицијата. Тој си направил пластични операции на лицето и хирург му ги изгорел отпечатоците од прсти со киселина, болен и опасен процес кој подоцна се покажал како бескорисен, бидејќи неговите отпечатоци подоцна биле користени за идентификација на неговото тело. Тој бил доволно храбар за време на бегството да оди на бејзбол натпревар. Навистина засрамувачко во врска со потрагата по Џон е тоа што владата потрошила повеќе пари, обидувајќи се да го фати, отколку што тој всушност украл.
Панчо Виља
Виња бил мексикански револуционер и бандит. Франциско Панчо Виља и неговите луѓе, го нападнале Колумбус, Ново Мексико, и убиле 18 Американци. Експедицијата завршила 500 километри внатре во мексиканската територија, а Виља го ловеле од 15 март 1916 година до 12 јануари 1917. Бандата на Виља се растурила, но не успеале да го фатат, најверојатно поради тоа што Американците го погрешиле патот. Експедицијата на САД се состоела од 4.800 мажи и 8 авиони.
Џон Вилкс Бут
Потерата по Џон Вилкс Бут траела само 12 дена, но во тоа време била еден од најголемите и најинтензивни потраги во историјата. Симпатизерот на Конфедерацијата и актерот Бут одлучил да го убие претседателот Абрахам Линколн. Тој се надевал дека атентатот ќе ја започне јужната офанзива, што ќе ја засили граѓанската војна. Бут и неговиот соучесник Дејвид Харолд ја преминале реката Потомак, патувале низ мочуришта и кампувале во шумите и се надевале дека ќе добијат помош од нивни симпатизери. Но никој не сакал да им помогне затоа што за информации за Бут се нуделе и по 100.000 долари (1.500.000 долари во денешните пари).
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.