Повеќето луѓе не можат да го замислат нивниот одмор без да има вода околу нив, без разлика дали се работи за езеро, море или пак река. Но, постојат води на нашата планета што можат да бидат смртоносни за ентузијастите. Овие неколку прекрасни места се само убави за гледање од безбедно растојание.
10. Голема сина дупка, Белизе
Плимата и осеката ја претвораат Големата сина дупка во огромен вртлог кој ќе вовлече се што се наоѓа на неговата површина. И покрај ова, сепак, има уште многу кои сакаат да ја видат оваа дупка, бидејќи самиот Жак Кусто го нарече едно од најдобрите места за нуркање на Земјата.
9. Бунарот на Џејкоб , Тексас, САД
Овој 9-метри длабок природен бунар со кристално чиста вода е едно од најопасните нуркачки места во светот. На дното на Бунарот Џејкоб има неколку влезови во широка мрежа на пештери што многумина не можат да ја напуштат.
8. Езеро Мичиген, САД
Езерото Мичиген е скоро толку познато како Бермудскиот триаголник, бидејќи над езерото се случиле едни од најстрашните авионски несреќи во Северна Америка, без никакви логички причини. Од друга страна, езерото е вистинска опасност поради струите кои многу брзо се формираат и одземаат над десетици животи секоја година.
7. Езерото Натрон, Танзанија
Езерото Натрон е едно од најсолените и најјакалните езера на Земјата, покриено со кора од црвена сол. Температурата на водата достигнува и 50 ° C што го прави, заедно со алкалноста, речиси непогодно за живот. Тука живеат само три вида риби, кои се прилагодиле на екстремните услови.
6. Сина дупка, Дахаб
Сината дупка е веројатно најопасно место за нуркање во светот, бидејќи многу нуркачи умреле во оваа длабока пештера од 400 метри. Искусните нуркачи велат дека, иако соодветно обучени луѓе со искуство можат да се нурнат без страв, причината за смртта е обично азотна наркоза или недоволен воздушен капацитет.
5. Потковица езерото, САД
Јаглерод диоксидот емитиран од пукнатините на дното на Потковица Езерото е смртоносен за сè. Езерото беше причина за смрт на четири лица, како и за дрвја кои растат на 100 хектари околу него. Насекаде има знаци за предупредување.
4. Врело Езеро, Доминика
Ова планинско езеро кое се наоѓа осум часа од земјата може да се загрее до 92 ° C поради топол воздух кој се испушта под земја. Пливањето во езерото е строго забрането дури и ако на неговата површина не постојат карактеристични меурчиња, бидејќи вриењето започнува за неколку секунди.
3. Рио Тинто, Португалија / Шпанија
Фосилните ископувања што биле спроведени на во реката Тинто повеќе од 3.000 години покажуваат дека се заситени со бакар, железо и тешки метали, при што нивото на киселини е мнгу високо. Меѓутоа, дури и во такви услови, реката има свој екосистем, кој вклучува бактерии кои оксидираат метали и ја прават водата светло црвена.
2. Преминот Дрејк
Голем број на санти мраз, врзини на ветерот кои достигнуваат до 130 километри на час, силни струи и слаба видливост се дел од предизвиците со кои се соочуваат бродовите кои пловат низ Преминот Дрејк. Оваа место се смета за „бродски гробишта“, бидејќи голем број на бродови и чамци се превртеле тука.
1. Езеро Киву
Ова навидум мирно езеро чува смртоносна тајна: во него има слоеви на CO2 и 55 милијарди кубни метри метан на дното. Дури и најмалиот земјотрес може да предизвика огромна експлозија што може да убие над 2 милиони луѓе кои живеат околу Киву.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.