Амазон поднесе патент за прилично бизарен подводен центар за складирање. Идејата првпат излезе на виделина во почетокот на оваа година, но сега повторно кружи. Патентот е наречен „воден центар за исполнување“ кој ќе чува стока на дното на езерата и другите водни површини.
Водоотпорни контејнери со стоката внатре ќе бидат пуштени во водата со помош на падобран. Во зависност од нивната густина, тие потоа ќе потонат до различни нивоа. Импулси или акустични тонови би се користеле за да се вратат на површината, со промена на густината на пакетите.
Ова може да се направи со менување на полнењето на воздухот во внатрешноста на пакувањето, како што молњите го јонизираат воздухот кога поминуваат низ него и ја менуваат густината. Алтернативно, контролните вентили може да додадат или отстранат течност од „флексибилен меур“ за да го сменат волуменот.
Балоните исто така би се користеле за да стигнат пакетите до површината. Не е сосема јасно како тие потоа ќе бидат испорачани, иако Амазон претходно патентираше „авионска“ идеја. И, се разбира, тие исто така работат на испорака со дрон.
Зошто Амазон би сакал да го искористи овој метод? Магацините кои амазон ги има сега се големи и комплексни објекти кои имаат експанзивни способности и бараат високотехнолошко сместување за предмети. Воден центар, од друга страна, би можел подобро да го искористи вертикалниот простор. Сега вработените во Амазон пешачат и по неколку километри во магацините, а тоа не би требало да биде случај со подводниот магацин, затоа што тој би имал подводен автоматски систем.
Вреди да се напомене дека големите компании често се залагаат за патенти, кои никогаш не се реализираат. Еден од најпознатите примери за ова беше кога ракетната компанија Blue Origin, во сопственост на Џеф Безос (кој исто така е сопственик на Амазон), поднесе патент за лебдечки брод за слетување на ракети, кој секако не се реализира.