Решителната сонда на НАСА Јуно ги пратила првите фотографии од Големата црвена дамка на Јупитер и тие се навистина неверојатни. Во понеделникот, Јуно прелетал на околу 9.000 километри над мистериозната бура, повеќе од еден милион километри поблиску од било кое друго вселенско летало.

Големата црвена дамка е масовна бура околу двапати поширока од Земјата. Таа ја „тресе“ атмосферата на планетата најмалку 350 години. Јуно ги направил фотографиите на седмото поминување околу планетата. Леталото поминува покрај Јупитер еднаш на секои 53,5 дена, со брзини кои се движат над 200.000 километри на час, што е прилично тешко да се фати добра фотографија одблиску.

По секое прелетување, НАСА обезбедува фотографии до јавноста од Јуно Камерата, а група на аматери и професионалци ги средуваат фотографиите за да бидат впечатливи и во боја. Освен Големата Црвена Точка Јуно фотографирал и други „пејзажи“ од големиот џин.

Во најблиската точка дури сондата Јуно поминала толку блиску до Големата црвена дамка што не можела да ја опфати целата. На сликата подолу се гледа под кој агол Јуно Камерата можела да ја види дамката. Задачата била уште потешка затоа што сондата зумирала околу 54 километри во секунда.

Ветровите во Големата Црвена Дамка дуваат со брзина од околу 600 километри на час. Фотографијата од Војаџер е направена на далечина од 40 милиони километри, а додека Јуно прелетал на 9.000 километри. Во долниот лев агол на сликата на Војаџер е месечината Ганимед.

Јуно ја населил орбитата околу Јупитер на 4 јули 2016 година. Неодамнешните истражувања објавени во списанијата Science и Geophysical Research Letters, детално ги откриле откритијата кои им помогнале на научниците од НАСА. Овие откритија вклучуваат „реки“ од врел амонијак, прикажани на анимацијата со инфрацрвена светлина.

Сподели на Facebook
пати видено