Музиката е една од најголемите уметности некогаш создадени од човекот. Таа може да има големо влијание врз луѓето и нивните чувства, без разлика дали се работи за среќа, тага, гнев, музиката го има одговорот на секое прашање. Иако музиката не може да биде главниот виновник таа го разбудила најлошото во умовите на овие луѓе.
5. Ози Озборн – „Suicide Solution“
На 26 октомври 1984 година Џон Даниел МекКалм за последен пат ја слушал музиката на својот голем идол Ози Озборн. 19-годишниот тинејџер лежејќи на креветот со своите слушалки ја слушал песната „Suicide Solution“ (Самоубиствено решение). Тогаш Џон го земал пиштолот и се самоубил. Родителите на Џон решиле да покренат тужба против Ози Озборн. Тие тврделе дека неговата песна го охрабрила нивниот син да се самоубие поради тоа што поголемиот дел од текстот го нудел „самоубиството како единствен излез“. Во 1988 година случајот конечно завршил а Озборн не бил обвинет. Но „проклетството“ на оваа песна не запрело и уште еден тинејџер се самоубил слушајќи ја оваа песна.
4. U2 – „Exit”
Песната „Exit“ на U2 ја раскажува приказната на религиозен фанатик, кој се претвора во убиец. Песната е инспирирана од реалниот случај на осудениот за убиство на Гери Гилмор. Делото на U2 добива тажна слава во крајот на 80-тите години на минатиот век. Во 1989 Роберт Џон Бардо одлучил дека песната му „наредува“ да одземе живот. Тоуј станува опсесивен кон убавата актерка Ребека Шефер и еден ден ја пречекува пред станот и ја убива. Пред судот тој изјавил дека токму песната „Exit” на U2 го натерала да ја убие Ребека и кога ја пуштиле песната во судницата, убиецот паднал во занес и почнал да ја пее песната.
3. Judas Priest – „Better By You, Better Than Me“
Во декември 1985 година 20-годишниот Џејмс Венс и 18-годишниот Рејмонд Белкнап се дрогирале целиот ден, по што одлучиле дека би било најдобро наизменично да си стават крај на животот. И двајцата се застрелале еден со друг, по што Рејмонд починал на лице место, а Џејмс останал жив. По три години починал и Џејмс. Родителите на двете момчиња тврделе дека песната „Better By You, Better Than Me“ од метал групата Judas Priest е причината за самоубиството. Според нив во песната имало шифрирани пораки од типот „ајде да бидеме мртви“ и „да го направиме тоа“. Дури и фронтменот на Judas Роб Халфорд бил повикан во судницата да го пее текстот на песната. Судијата заклучил дека во песната има шифрирани самоубиствени пораки, но пресудил дека „обичниот“ слушател не би ги препознал за да биде под нивно влијание.
2. Битлси – „Helter Skelter“
„Helter Skelter“ на The Beatles е пријатна песна за забавен парк со истото име. Песната сепак добива тажна слава покрај еден од најпознатите убијци во историјата – Чарлс Менсон. Менсон е предводник на свој култ кој искрено верувал дека The Beatles се ангели кои тајно комуницираат со него преку музиката. Овој псхихопат верувал дека „Helter Skelter“ е всушност пророштво за апокалиптична расна војна која тој и култот треба да ја започнат. Резултатот од ова? Менсон и неговите следбеници се качуваат во комбе и се упатуваат кон Холивуд Хилс. Во рок од два дена, седум лица биле брутално убиени. Чарлс Менсон уште ја отслужува доживотната затворска казна.
1. Роберт Џонсон – „Cross Road Blues“
Роберт Џонсон е блуз музичар кој има кратка, но незаборавна музичка кариера во 30-тите години. За него кружела мрачна легенда дека ја има продадено душата на ѓаволот за да стане познат блуз музичар. И навистина имало нешто чудно. Најпопуларното дело на Џонсон, „Cross Road Blues“, секогаш носело смрт со себе. Како да е проколнато. Откако Ерик Клептон направил своја верзија од песната неговиот мал син починал. Членови на Allman Brothers Band исто така загинале откако направиле кавер од песната. Lynyrd Skynyrd станале жртви на авионска несреќа, повторно по објавување на своја верзија од песната. Синот на вокалистот на Led Zeppelin Роберт Плант загинува откако Zeppelin ја свиреле „Cross Road Blues“.