Се верува дека Јо-јо е втора најстара играчка во светот, по куклата. Неговото потекло е сè уште нејасно, иако јојото било користено во античкиот свет. Зборот јо-јо доаѓа од филипински јазик, Тагалог, што значи дојди-дојди.
Најверојатно јо-јо се појавило во Кина, 1000 години п.н.е. и почнало да се шири низ светот како една од најпознатите детски играчки. Првите историски записи за јо-јо датираат од античка Грција, 500 година п.н.е. Грците користеле дрво, метал и теракота за да направат јо-јо. Тие ставале и слики од боговите на двете половини. Некои научници веруваат дека Грците го користеле јо-јо како оружје во игри со лов, иако нема докази за оваа тврдење.
Овие древни играчки се исто така насликани во античките египетски храмови. Наредното појавување на јо-јо во историјата е на мала кутија од Индија направена во 1765 година. Оваа минијатурна кутија имала слика на девојка во фустан која се играла со нејзиното јо-јо. Следните години, играчката патувала од Ориентот во Европа и се здобила со популарност меѓу аристократијата. За време на своите патувања, станала позната под различни имиња.
Во Франција, јо-јо се нарекувало „l’emigrette“ по аристократите кои ја популаризирале играчката. Во Англија, го добило името бандалор и квиз. Кралот на Франција, Луј XVII, бил насликан на четиригодишна возраст со јо-јо во рака.
Во 1928 година започнала современата приказна за јо-јо. Филипинскиот имигрант Педро Флорес работел во хотелот Санта Моника во САД. Како хоби, тој резбал дрвено јо-јо, бидејќи тоа било традиционална забава на Филипините. Тој забележал дека толпата се собира околу него додека се игра Флорес добил извонредна идеја. Тој отворил компанија за производство на јо-јо, наречена Флорес Јо-Јо.
Во 1929 година, еден претприемач по име Доналд Ф. Данкан ја купил компанијата од Флорес и вградил новитет во јо-јо, лизгачката жица, која му овозможува на јо-јо да „спие“ – техника неопходна за напредни трикови. Доналд бил одличен бизнисмен и за промовирање на новиот производ, организирал натпревари со јо-јо низ целата држава.
Во 1965 година Данкан започнал правна битка со цел да ја ограничи употребата на терминот „јо-јо“, но изгубил. Тогаш почнале да се произведуваат јо-јо од пластика, наспроти дрвените на Данкан. Но, по воведувањето на пластичнотот јо-јо Доналд направил „пеперутка јо-јо“ со кое можело да се прават најразлични трикови. Во текот на годините, продажбата растела и јо-јо станало една од најпопуларните играчки во светот.
Во 1992 година се одржало првото „Светско Јо-јо првенство“ и оттогаш популарноста на оваа играчка за сите возрасти секојдневно расте.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.