Во 1992 година, љубопитен човек по име Ву Анаи во близина на кинеското село Шијан Беикун во округот Лонгју, врз основа на претчувство почнал да пумпа вода од езерцето во неговото село. Анаи верувал дека езерцето не е природно ниту пак бесконечно длабоко како што велела локалната легенда и тој одлучи да го докаже тоа.
Тој убедил неколку од неговите селани и заедно купиле пумпа за вода и почнале да ја извлекуваат водата од езерцето. По 17 дена пумпање, нивото на водата паднало доволно за да го открие поплавениот влез во древна, вештачка пештера, направена од човекот, потврдувајќи го сомневањето на Анаи.
Овие пештери, сега наречени „Пештери Лонгју“, претставуваат едно од најголемите подземни ископувања направени за време на античките времиња. На крајот беа откриени вкупно 24 рачно ископани пештери, секој со просечна површина од илјада квадратни метри и тавани кои достигнуваат височина до 30 метри. Вкупната површина покриена со сите пештери надминува 30.000 квадратни метри.
Пештерите не се природни бидејќи внатрешните ѕидови се покриени со трагови на длето, сите подеднакво распоредени под агол од 60 степени. Исто така низ целата пештера има иста шема по ѕидовите. Изработката е слична со грнчаријата која се наоѓа во локалниот музеј, која датира 500 и 800 п.н.е. Исто така постојат и скали, столбови и извонредно врежани фигури.
Според некои проценки, пештерите биле ископани пред повеќе од 2000 години, веројатно во 200 година п.н.е. Груба проценка открива дека речиси еден милион кубни метри карпа биле отстранети за да се создадат пештерите. Толку голем проект сигурно би бил спомнат од историчарите и патниците, но никакви документи не биле пронајдени, што е особено чудно со оглед на тоа што древните Кинези биле прецизни чувари на документација.
Сепак, не може да се отфрли можноста древните архитекти едноставно да ја прошириле природната пештера. Сепак, ископувањето на пештерите претставува монументален проект што го направил човекот и ќе продолжи да биде трајна мистерија.