Компанијата „Тесла“ склучи нов голем договор со Австралија овој пат да инсталира систем на Powerpack да работи заедно со фармата за ветерници Хорнсдејл во Јужна Австралија. По завршувањето, тоа ќе биде најголемиот и најмоќен светски проект за литиум-јонски батерии.

Тесла ги пушти своите корени во Австралија.Претходно овој месец, компанијата склучи договор со Transgrid за снабдување на домовите во Нов Јужен Велс со енергија преку своите Powerpacks, а сега Тесла е избрана по конкурс за наддавање за да се изгради Powerpack систем за работа во тандем со Hornsdale Wind Farm во близина Џејмстаун, Јужна Австралија.

Тесла ќе го обезбеди целиот систем за складирање на енергија за ветерната фарма преку 100 MW/129 MWh Powerpack систем. Powerpack ќе се полни користејќи ја енергијата генерирана од фармата за ветер, која е во сопственост на францускиот оператор на обновливи извори на енергија Neoen. Се очекува да ја направи енергетската мрежа во Јужна Австралија посигурна преку доставување енергија во клучни термини.

Проектот ќе заврши до декември 2017 година ќе обезбеди доволно моќ за повеќе од 30.000 домови. Тоа е приближно ист број на домови погодени од национално затемнување во Јужна Австралија во септември, што остави 1.7 милиони луѓе без електрична енергија.

Илон Маск, сопственикот на Тесла исто така е возбуден за проектот за кој се пофалил и на социјалната мрежа Твитер. А премиерот на Јужна Австралија Џеј Ветхерил очекува дека оваа „извонредна соработка“ ќе го стабилизира енергетскиот систем на државата, како и ќе ја намали цената на електричната енергија.

Сподели на Facebook
пати видено