Патувањето низ време е тема на која има безброј дискусии и теории. Досега научниците не открија начин за да се патува во минатото или иднината, но истражувањата и теориите никогаш нема да престанат да се појавуваат.
Црни дупки
Ако вселенски брод се движи брзо до црна дупка ќе доживее половина од времето на луѓето на друго место. Меѓутоа, екипажот ќе мора да патува блиску до брзината на светлината за да функционира на овој начин.
Брзината на светлината
Светлината не го доживува времето. Што значи ако ја забрзате брзината на светлината Вие нема да стареете, додека на се околу Вас му се случува тоа.
Црвоточина
Предвидена е од теоријата на општата релативност. Таа би создала тунели во просторот и времето. Сепак, тие ќе се распаднат многу брзо и би биле погодни само за мали честички.
Паралелни универзуми
Научниците од Оксфорд тврдат дека постојат паралелни универзуми. Раздвојувањето на универзумот постојано се гледа како начин за борба против проблемите на парадоксите за патување низ времето.
Егзотична материја
Теоретска материја со негативна маса и енергетска густина, што го искривува просторот и времето на спротивен начин од нормална материја. Може да се користи за создавање на црвоточина.
Космички жици
Теорија за тесни цевки на енергија кои се протегаат низ универзумот. Содржат огромна маса, ако две се приближат една до друга, можат да го свиткаат времето и просторот.
Невозможно патување
Физичарите од Хонг Конг тврдат дека патувањето низ времето е невозможно. Со тоа што не успеале да добијат еден фотон да патуваат побрзо од светлината, тие тврдат дека мора да се следат границите на Ајнштајн.
Квантни бариери
Некои веруваат дека квантната механика ги спречува промените во временската рамка. Ова значи дека доколку се вратиме во минатото не би можеле да смениме ништо што би влијаело на иднината.