Не се открива секој ден нов уникатен јазик, но оваа откритие навистина ги збуни антрополозите. Во една рурална заедница на Абориџините во Австралија, еден американски лингвист откри дека се појавува нов јазик меѓу младите луѓе во заедницата и сега го зборуваат околу 350 лица, на возраст под 35 години. Но како се појавил овој нов јазик кога тие сосема нормално комуницирале и без него?
Новиот јазик е познат како „Light Warlpiri“. Има шест самогласки и 18 согласки. Исто така има минато и сегашно време но нема идно време. Во овој јазик не постои ред во поставување на зборови. Поради овие карактеристики јазикот се разликува од другите сродни јазици и затоа е класифициран како посебен јазик а не само варијација на постоечки јазик.
Новиот јазик бил откриен од американскиот лингвист, Кармил О’Шанеси, уште во 2013 година. Таа работела во едно мало училиште за домородните деца во малиот изолиран град Лајаману во пустината на Австралија и ги документирала своите наоди во Списанието „Јазик“. Таа била особено заинтересирана за тоа како може да се развие нов јазик кај помладата генерација, кога тие веќе можат да разговараат еден со друг на нивниот локален абориџински јазик „Warlpiri“, кој го зборуваат околу 5.000 до 6.000 лица во неколку населени места и градови во централна Австралија.
Се верува дека јазикот се појавил во 1970-тите и 1980-тите години, кога децата се префрлувале од Англискиот, Криол кон Варлпири. Криол бил јазик развиен кога британците ја колонизирале Австралија со цел Англичаните, Кинезите и Абориџините да комуницираат. Голема улога за создавањето на „Light Warlpiri“ е и тоа што местото добива набавки од градот само еднаш неделно, кој е оддалечен над 560 километри.
„Се чини дека луѓето кои имаат околу 35 години се оние кои го создале системот и ја донеле иновацијата. Тие потоа им го пренесоа јазикот на нивните деца и тие веројатно ќе им го пренесат на следните генерации. Впечатливо е тоа што повеќето глаголи доаѓаат од англиски или Криол но другите граматички елементи во реченицата доаѓаат од Варлпири.“, вели Кармил О’Шанеси.
Лингвистите и понатаму се фасцинирани од појавата и растот на „Light Warpiri“, бидејќи ова е првпат истражувачите да можат го документираат развојот на еден млад, нов јазик.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.