Александар „Будалата“ Бин е роден во подоцнежниот период од 14 век во Источен Лотијан, Шкотска. Бин пораснал во земјоделска заедница и неговото семејство било прилично сиромашно, а неговиот татко често го тепал затоа што сметал дека не е добар син. Кога пораснал Александар почнал да работи, но поради агресивната природа и непочитување на правилата повторно го разочарал неговиот татко.
Александар не сакал повеќе да се труди да биде продуктивен член во заедницата и тогаш се запознал со жена по името Агнес Даглас. Нивната врска наскоро довела тие двајцата да мора да избегаат од нивната татковина, поради тоа што локалните жители ја обвиниле Агнес дека е вештерка, која жртвува луѓе и повикува демони. Оттогаш Агнес е позната како „Црната Агнес Даглас, темната вештерка од Лотијан.“
Според легендата Бин и Даглас патувале низ Јужна Шкотска, ограбувајќи луѓе. Бидејќи биле одметници не можеле да влезат во селата и да си купат храна со парите, Агнес го убедила Александар дека канибализмот е решение. Тие за да не привлекуваат внимание јаделе на тој начин само кога морале.
Двојката по неколку месеци пронашла пештера, која што откако плимата ќе се зголеми, влезот од пештерата не бил видлив и тие решиле тоа да биде нивниот нов дом. Бин и Даглас продолжиле со ограбувањата но сега ја убивале секоја жртва и ја носеле во пештерата. Бидејќи никој не ги познавал во околината на Јужен Ершир тие можеле да одат и до градот за да купат се што им е потребно со парите.
Бин и Агнес имале 8 синови и 6 ќерки и сите биле дел од канибалистичкиот клан, кој сега напаѓал и на поголеми простори. Александар ги охрабрувал неговите деца да се „парат“ едни со други за да му направат војска. Наводно Бин и Агнес имале 18 внуци и 14 правнуци. Семејството живеело во пештерата 25 години, но почнале да се шират гласини за нивните ужасни дела.
Во 1430 година група од семејството сакала да убие маж и жена, но иако жената ја убиле мажот се борел се додека не пристигнала друга група на луѓе која му помогнала да избега. Тие заедно ги известиле властите и кралот пратил 400 вооружени луѓе кои со помош на кучиња трагачи ја пронашле пештерата.
Семејството на Бин се предало без борба и 46 членови биле заробени, од 48. Тие биле однесени во Единбург за егзекуција. Жените и децата биле ставани на колци, а мажите биле заклани, а потоа палени. Првин биле убиени мажите за да можат жените да гледаат што им се случува. Ниту еден од нив не покажал каење а Александар извикувал: „Не е готово, никогаш нема да биде готово!“
Дури подоцна луѓето забележале дека недостасуваат два члена од семејството. Некои луѓе веруваат дека Бин кланот продолжил да постои и дека лозата постои денес, но сега се многу повнимателни од порано и убиваат бездомници и залутани туристи.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.