Некои криминалци се толку генијални што ги оставаат властите и јавноста со подзината уста. Во овие пет случаи сторителите биле толку паметни што за малку ќе успеале да се извлечат, а во еден случај и успеале во намерата.
Френк Вилијам Џуниор
Френк Вилијам Џуниор е вистинската личност зад Холивудскиот филм „Фати ме ако можеш“. Френк е роден на 27 април 1948 година, а пред да наполни 21 година, тој веќе имал најмалку осум лажни идентитети. Неговата прва жртва бил неговиот татко. На 15-годишна возраст, татко му на Франк му дал кредитна картичка за да му помогне со трошоците за патување до неговата работа. Френк со картичката си купувал делови за автомобили, кои подоцна ги враќал смислувајќи причини и така ги добивал парите во готовина. Така Френк го оштетил татко му за 3.400 долари. Тој подоцна отварал повеќе сметки во банки на лажни имиња и пишувал чекови на кои немало пари, на аеродромите се претставувал како обезбедување и ги земал парите на луѓето кои рентале автомобили. Френк користел лажна легитимација и пилотска лиценца и се претставувал како пилот кој бара превоз до наредната дестинација каде што го чека неговиот авион. Френк, исто така, тврдел дека работел како учител, лекар и адвокат. На крајот тој бил фатен, но отслужил помалку од пет години од 12-годишна затворска казна. Денес Френк работи на Академијата на ФБИ и иронично предава спречување на измами.
Ден Купер
Ден Купер е лажното име под кое непознатиот киднапер на Боинг 727 купил карта. Тој и дал ливче на стјуардесата на кое пишувало дека има бомба и ќе го киднапира авионот. Тој побара 200.000 долари, четири падобрани и камион за гориво што ќе чека во Сиетл за да го надополнат авионот при пристигнувањето. Кога авионот слетал Купер ги ослободил сите патници и две стјуардеси, ги земал парите и падобраните и барал од пилотот авионот да се упати што е можно побавно кон аеродромот во Рено, Невада. Купер им наредил на пилотот, ко-пилот, стјуардесата и инженерот да останат во пилотската кабина. Тогаш Купер ја отворил вратата од авионот и избегал со парите. И покрај екстензивната потрага, ниту Купер, ниту парите никогаш не биле пронајдени.
Антверпен грабежот
Центарот за дијаманти Антверпен во Белгија бил мета на еден од најпознатите грабежи во историјата. Во центарот имало 160 сефови со дијаманти и накит. Наводно водачот на бандата бил Леонардо Нотарбартоло, кој изнајмил канцеларија над центарот две години пред грабежот. Со канцеларијата доаѓал и сеф кој се наоѓал во Центарот за дијаманти, како и картичка за 24 часовен пристап до зградата. Претставувајќи се како трговец со дијаманти тој успеал да го изгради својот кредибилитет. Тој бил дел од петочлена банда која на 15-ти и 16-ти февруари 2003 година, ја украле содржината од 123 од 160-те сефови во вредност од 100 милиони долари, тие исто така ги украле и снимките од безбедносните камери. Но Леонардо направил грешка бидејќи оставил сендвич кој претходно го јадел и полицијата го пронашла преку ДНК. Тој лежел помалку од 10 години во затвор, но не го открил идентитетот на соучесниците а ниту пак било откриено каде се наоѓаат дијамантите.
Француската вакум банда
Ова е една од наједноставните но и најпаметните идеи за грабеж. Група криминалци позната како „вакум банда“ ги ограбувале француските супермаркети во 2006 година, бидејќи пронашле грешка во системот на складирање на пари на ланецот на супермаркети Monoprix`. Кога имало многу банкноти во текот на денот вработените ги ставале во плик и ги пуштале во вшмукувачка цевка која ги доставува директно до сефот. Бандата правела дупка во цевката пред да влезе во сефот и со моќна правосмукалка ги ваделе парите. Со овој метод тие „исчистиле“ речиси 600.000 евра и не биле фатени од полицијата.
Централниот тунел Банко
За време на викендот на 6-ти август 2005 година, банда крадци влегле преку тунел во Банко Централ во Бразил и украле пет контејнери полни со банкноти, со проценета вредност од 71 милион американски долари. Пленот тежел околу 3,5 тони. Парите кои што биле украдени биле банкноти кои што требало да бидат уништени или пак рециклирани и било невозможно да им се влезе во трага. Три месеци пред грабежот бандата изнајмила комерцијален имот близу до банката. Тие почнале да копаат тунел кој водел под банката и дури поставиле знаци на кои пишувало дека се компанија за уредување на земјиште, па затоа никој не сметал дека е необично што има купишта земја наоколу. Тунелот бил обложен со дрво и пластика, и имал осветлување и систем за циркулација на воздухот. Се смета дека бандата се состоела од околу десет членови, иако полицијата верува дека дури 25 луѓе биле вклучени во планирањето на грабежот. До 2007 година, по неколку апсења и мистериозни смртни случаи и киднапирања поврзани со случајот, само 8,93 милиони долари биле пронајдени.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.