Помеѓу 18-тиот и средината на 19-тиот век во Англија имало чуден обичај наречен „продажба на сопруги“. Во овој период немало година без статија во весник за судски спор во врска со продажба на жена. Помеѓу 1780 и 1850 година биле продадени околу 300 жени.
Првиот развод бил во 1857 година, но пред тоа било многу тешко да се излезе од брак. За да биде разводот легален требало правен акт од парламентот а тоа чинело околу 16.000 евра и благослов од црквата. Мажите немале толку пари тогаш, затоа единствен излез им бил, јавната продажба на сопругата. Во сиромашните области жената се сметала за стока и се продавала и купувала на сточен пазар. Мажот ја пријавувал сопругата на аукцијата и и ставал јаже околу вратот, половината или зглобовите и таа стоела на мала бина за аукција.
Овој начин бил нелегален, но во тоа време и едниствен начин за развод. Речиси секоја жена одела на аукцијата по своја волја и можела да стави вето доколку не сака да оди кај одреден маж. Исто така продажбата можела да се објави во весник и однапред да се договори купувачот, а продажбата на аукцијата да биде само формална.
Еден од првите пријавени случаи на продажба на жена се случил во 1733 година во Бирмингем, каде што Самуел Вајтхаус ја продал својата сопруга, Марија Вајтхаус, на пазар на Томас Грифитс за околу една англиска фунта. Традицијата избледела откако мажите биле соочени со осудување од страна на околината.
Но Сајмон ОКејн од Англија, очигледно уште ја почитува оваа традиција, но на модерен начин. Тој ја објавил неговата сопруга на онлајн аукција на „eBay“ со опис „Користена сопруга.“ Секако тој ова го направил на шега, но никој не знае како го сфатиле 57-те луѓе кои дале своја понуда, која што достигнала 74.811 евра, пред објавата да биде отстранета од „eBay“ поради тоа што, нели не е легално да продавате жена на интернет. Сајмон во делот за спецификациите го напишал ова:
За продажба една сопруга
Не е нова користена е, но може да помине уште километри. ПРичина за продавање… мора да има некој кој ја заслужува повеќе од мене (дај Боже да има некој)
Добри карактеристики: Телото и бојата се во пристојна состојба и има некои способности во кујната.
Лоши карактеристики: Често прави бука која нема да престане доколку не и купите нови светкави парчиња метал. Понекогаш поради способностите во кујната ќе завршите во болница.Се на се не е лош модел за нејзините години. Се надевам дека на некој добро ќе му користи. Може и замена за понов модел. Кога ќе ја купите не можете да ја вратите. Никогаш!
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.