Напишана од страна на ирскиот автор на готски приказни и мистериозни романи, Џозеф Шеридан Ле Фану, Кармила е готска новела, објавена во 1871 година. Во новелата се работи за серија приказни раскажани од жена која станува опседната со вампир по име Кармила.
Приказната се појавла во англиското списание The Dark Blue помеѓу 1871-72, а подоцна била повторно печатена како кратка колекција од приказни во Glass Darkly, во 1872 година. Главниот лик во приказната е Лаура, ќерка на богат вдовец кој служел во Австриската Империја. Заедно живеат во голем замок во шумата во Стирија, на југоисточниот дел на Австрија. Кога имала шест години, Лаура тврдела дека била прободена во градите од убав посетител на вечерта, но не биле пронајдени рани.
Приказната продолжува 12 години подоцна кога еден пријател на таткото на Лаура, генерал Шпилсдорф, треба да ги посети во Стирија со неговата внука Берта Рајнфелд, но Берта одеднаш умира под мистериозни околности. Генералниот е нестрплив да го истражи случајот со неговиот пријател.
Во меѓувреме, се случува несреќа со кочија пред замокот на Лаура, од која млада девојка е донесена внатре за медицинска помош. Името на девојката е Кармила. Девојките меѓусебно се препознале веднаш штом се сретнале, од сон што го имале и двете кога биле деца.
Кармила не можела да го продолжи патувањето, но нејзината мајка имала итна работа да направи, и и кажала на Лаура и на нејзиниот татко дека ќе се врати за три месеци. Иако Кармила и Лаура имаат убаво пријателство, Кармила е чуден лик. Таа никогаш не се приклучува на семејството за молитви, понекогаш флертува со Лаура, никогаш не зборува за себеси или за нејзиното семејство, спие во текот на денот и месечари надвор во текот на ноќта.
Еднаш имало пратка од стари семејни слики колекција меѓу која Лаура го препознава портретот од 1698 година на еден од нејзините предци: грофицата Карнштајн, попозната како Миркала. Чудно е тоа што Кармила изгледа токму како Миркала, по што тврди дека можеби е потомок на Карнштајн семејството.
Лаура почнува да има кошмари за голема мачка во нејзината соба која ја каснува на градите. А во друг сон слуша „Твојата мајка те предупредува, пази се од убиецот.“
Нејзиното здравје се влошува и нејзиниот загрижен татко повикува лекар кој наоѓа мала сина точка на градите. Лекарот го советува таткото на Лаура да не ја остава сама. Нејзиниот татко ја носи Лаура до руинираното село Карнштајн, во кочија, давајќи им упатства на една од гувернантите, за да може да ја донесе Кармила откако ќе се разбуди.
На патот кон селото, тие се сретнаа со генералот Шпилсдорф кој им ја раскажува приказната за смртта на Берта. Наводно на бал под маски Берта се сретнала со една млада жена Миркала и нејзината мајка. Бидејќи двете девојки лесно се спријателиле, мајката на Миркала прашала дали Миркала може да остане во домот на генералот, бидејќи таа морала да замине следниот ден. Миркала останала и здравјето на Берта се влошило, исто како и на Лаура.
По истрагата, генералот заклучи дека Берта бил посетена од вампир. Иако тој се обидел да ја спаси, Берта починала и тој ја видел Миркала како земала обликот на ѕвер и избегала. По пристигнувањето во Карнштајн, генералот го прашал дрварот каде може да го најде гробот на Миркала Карнштајн. Тој му кажал дека гробот е одамна пренесен од страна на хројот кој ги победил вампирите кои го прогонувале регионот.
Подоцна сфатиле дека Кармила е анаграм на Миркала. И за да не ја расипеме целосно приказната за оние кои не ја прочитале можеме да кажеме дека приказната нема среќен крај за Лаура.
Иако приказната за Кармила е помалку популарна од приказната за Дракула, втората е базирана на многу „вампирски принципи“ земени Кармила.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.