Кула од човечки черепи откопана под срцето на Мексико Сити покрена нови прашања за културата на жртвување во Ацтечката империја, откако черепи на жени и деца се појавија меѓу стотиците вградени во структура. Археолозите пронашле повеќе од 650 черепи, извадени во вар и илјадници фрагменти во цилиндричното здание во близина на „Templo Mayor“, еден од главните храмови во главниот град на Ацтеките Тенохтитлан, кој подоцна стана Мексико Сити.
Историски текстови покажуваат дека градби во кои се пронајдени черепи од заробени војници биле пронајдени во неколку мезоамерикански култури пред освојувачите од Шпанија. Но, археолошкото ископување во внатрешноста на стариот град Мексико, кое започна во 2015 година, сугерираше дека сликата не е целосна.
„Очекувавме само мажи, очигледно млади мажи, кои оделе во војна, не очекувате тоа да го прават жените и децата. Нешто се случувало за кое немаме никакви податоци, а ова е навистина нешто ново во градбите од черепи.“, вели Родриго Боланос, биолошки антрополог кој го истражува наодот.
Раул Барера, еден од археолозите што работел на местото „Templo Mayor“ вели дека черепите би биле поставени во кулата откако претходно стоеле одреден период за прикажување пред јавноста.
Околу шест метри во дијаметар, кулата се наоѓа на аголот на параклисот на Huitzilopochtli, бог на сонцето, војна и човечка жртва, според Ацтеките. Нејзината база допрва треба да биде откопана.
Барера исто така вели дека кулата со черепи била спомената Андрес де Тапија, шпански војник кој го придружувал Кортес во освојувањето на Мексико во 1521 година. Во својот извештај за походот, де Тапија напишал дека броел десетици илјади черепи, а Барера вели дека досега се пронајдени 676 черепи и дека бројот ќе се зголеми откако ќе продолжат ископувањата.
Ацтеките и другите мезоамерикански народи вршеле ритуални човечки жртви како жртви на сонцето
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.