Денес многу луѓе се загрижени дека глобалното затоплување ќе предизвика пораст на океанските нивоа и екстремни климатски услови. Но пред околу двесте години, загриженоста на луѓето била малку поинаква. Во летото 1816 година, некои сметале дека Сонцето „умира“. Во Нова Англија паѓало снег во средината на јуни. Сите земјоделски култури замрзнале.

Причината за тоа било атмосферското ладење, добиено како последица на ерупцијата на вулканот Тамбора во Индонезија. Ужасниот студ и замрзнувањето на културите биле катастрофални и тоа најмногу поради тоа што голем дел од населението се прехранувало благодарение на жетвите. Овој период покажува како неочекуван природен настан може радикално да ја промени климата, но и нашите животи.

Во годините во кои немало интернет и дури ниту телеграф, вестите за масивната вулканска ерупција патувале бавно, горе-долу со брзината со која се движеле луѓето. Исклучително малку луѓе во Америка знаеле за ерупцијата, но сите ги забележале последиците, црвеникава магла која не исчезнувала и необичното Сонце, кои што станало инспирација на неколку уметници. Но до пролетта во 1816 година секој во Нова Англија не само што ги видел, туку и ги чуствувал ефектите на многу посилен начин.

Како еден вулкан предизвикал глобално ладење? Кога Тамбора еруптирал, ослободил огромни количини пепел во горниот дел од атмосферата, од каде се ширел по целата Земја. Честичките прашина го блокирале патот на сончевото зрачење. Сулфурот, ослободен при ерупцијата исто имал големо влијание. Тоа се одразувало во сончевите зраци, намалувајќи го зрачењето. Овие ефекти продолжуваат неколку години, но најмногу се чувствуваат во пролетта 1816 година.

Првите мразови почнале во средината на април, кога бури го опфатиле Квебек со снег. Следниот месец бил постуден. На 14.05 во Њујорк паѓал снег, а резултатот од тоа нагло ладење ги уништило пупките на овошните дрвја во цела Нова Англија. Дури и кон крајот на мај по реките имало мраз, а во планините снег. Повеќето фармери немале можност да засадат житни растенија, а оние кои го направиле тоа, изгубиле се.

Летото во 1816 година никогаш не доаѓа. Неверојатно студеното време продолжува и во јуни. Доколку тогаш се водела евиденција на температурите, тогаш во јуни 1816 година тие би биле рекордно ниски. Август не бил подобар. На 21.08 студот достигнува до Кентаки и уништува голем дел од пченката.

Но овие климатски услови не се задржуваат само во Северна Америка. Во Европа има исклучително ладна зима, пролет и лето. Некои делови на Кина, исто така страдале од замрзнување.

Иако повеќето експерти сметаат дека вулканот е главен виновник за глобалното ладење во 1816 година, постојат и други потенцијални фактори. Некои сметаат дека периодот на затоплување се случил пред периодот на ладење и тоа било пречка океанските струи да дистрибуираат топлина по земјината топка.

Периодот на глобално затоплување, во кој сега живееме, исто така, може да доведе до таков ефект на ладење. Ако сега се случи да имаме година без лето, ефектот би бил помал. Денес можеме да увезуваме храна, кога е потребно, како и да ја чуваме многу подобро. При настан од ваков карактер сепак, цените на храната драстично би се зголемиле.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено