Иако златото е првата работа што ни паѓа на памет кога зборуваме за скапоцени материјали, тоа не се наоѓа ниту во првите три. Ова се 16 од најскапите материјали во светот почнувајки од најниската па се до највисоката цена за еден грам.
16. Шафран – 11 $ по грам
Овој зачин е уникатен, со фантастичен вкус и големи здравствени придобивки. Овој производствен процес одзема многу време и напор, но вкусот и лековитите својства на шафранот се неспоредливи со било кој друг зачин.
15. Злато – 56 $ по грам
Златото е најпознат скапоцен метал, без кој наводно не може ниту една жена. Златото се користело и во античките времиња и сите убави работи во светот се споредуваат со златото.
14. Родиум – $ 58 по грам
Метал од групата на платина кој е исклучително редок. За да Ви биде јасно колку е редок, еден тон земја содржи околу 0.001 грама на родиум.
13. Платина – 60 $ по грам
Ова е редок и скапоцен метал, кој како и златото е отпорен на киселини, бази, и други соединенија.
12. Метамфетамин – $ 100 по грам
Метамфетаминот е забранет со закон и подобро е никогаш да не го видите во живо.
11. Рог од носорог – $ 110 по грам
Роговите се вредни за нивните лековити својства и како одлични рачки за ножеви. Поради ловокрадците, кутрите носорози се веќе на работ на истребување.
10. Хероин – $ 130 по грам
Опијат кој ја менува Вашата перцепција. Исто така како и Метамфетаминот и забранет, штетен и убиствен.
9. Кокаин – $ 236 по грам
Уште еден вид дрога кој чини мало богатство а ќе Ви нанесе само зло. Овој бел кристален прав е фатално опасен наркотик.
8. ЛСД – 3000 $ по грам
Психоактивна наркотична супстанција и многу скапа одложена смрт. Процесот на производство на оваа полу-синтетичка дрога е доста тежок, со што се објаснува цена.
7. Плутониум – 4000 $ по грам
Тежок но нежен радиоактивен метал со сребрено-бела боја. Со него се произведува нуклеарно оружје, гориво па и како извор на енергија за вселенските летала.
6. Паинит – 9000 $ по грам
Овој камен е толку редот што многу малку луѓе знаат дека постои. Тоа е минерал на портокалова или црвеникаво-кафена боја и тој бил откриен пред 65 години. Постојат само неколку стотици од овие камења во светот денес.
5. Тафеите – 20.000 $ по грам или 4,000 $ по карат
Овој скапоцен камен може да биде виолетов, розов, бел или црвен. За прв пат е откриен во 1945 година. тој е милион пати поредок од дијамантите, но не е популарен кога станува збор за накит и најверојатно затоа е и „евтин“.
4. Тритиум – 30.000 $ по грам
Овој гас се користи во осветлување, т.е. во тритиум-осветлување. Овој радиоактивен облик на хидроген се користи и за други научни истражувања.
3. Дијамант – 55.000 $ по грам
Најпознатиот скапоцен камен на Земјата, и најдобриот пријател на секоја дама.
2. Калифорниум – 25-27 милиони $ по грам
Најскапиот хемиски елемент на сите времиња. Синтетизиран е само еднаш од неговот откривање во 1950 година.
1. Антиматерија – 62,5 илјади милијарди $ по грам
Најскапата супстанција на Земјата. Производство на еден милиграм на позитрони чини околу 25 милиони $. Во теорија, ние ќе бидеме во можност да ја користиме антиматеријата како гориво за вселенските летала во иднина. Но денес во реалноста за да се купи еден грам антиматерија целото човештво ќе мора да работи една година без одмор.