Локалните исцелители, жените кои ги познавале извонредните сили на билките, мистериозните песни. Карактеристични за областа Подлачија, овие жени биле нарекувани вештерки или септуча. Септучите се како артефакти на античка мудрост, врз основа на фолклорните верувања. Сепак, луѓето сé уште веруваат во нивните моќи. Кои се тие?
Некои од нив тврдат дека духот на Св Богородица се појавил пред нив и споделил некои мистериозни тајни. Повеќето од нив се жени, но понекогаш и мажите го следат овој пат. Тие обично живеат далеку од големите градови, останувајќи почесто во малите села „на крајот на светот“. Ако сакате да се сретнете со szeptucha (еднина на полски), треба да ги прашате локалните жители, тие ќе знаат како да Ве упатат до нејзината куќа.
Септучите се претежно православни христијани. Нивните дела немаат никаква врска со вештерството, туку тие се занимаат со т.н. „бела магија“. Никој не знае кога точно се појавиле, но според легендите првите септучи се појавиле веднаш откако Исус почнал да поучува.
Тие имале исцелителна моќ. Според легендата има два аспекти кои мора да бидат поврзани за да се лекуваат луѓето. Најпрвин, септучата треба да ги знае магичните формули, познати како магии. Исто така спреведуваат и одредени ритуали, но тие веруваат дека моќта на исцелување доаѓа од Бога. Во нивните ритуали, тие користат различни симболи, билки, семиња, леб, вода и други работи што може да се најдат во домаќинството.
Кога септучите ќе решат да го следат овој пат тие треба тоа да го споделат со луѓето. Нивната цел е да го посветат животот на другите. Тие не треба да бараат паричен надомест за услугите кои ги вршат и секој човек остава онолку колку што може да си дозволи. Септучите тврдат дека одговорите ги бараат од ангелите, архангели, и Бог. Тие знаат како да направат егзорцизам.
Дали се ова луѓе со неверојатно знаење нивните исцелувања се базирани на натприродни сили? Секој човек може да даде свој личен одговор. Освен што го лекуваат телото тие ги лекуваат и душите. Тие можат да се опишат како „локални психолози“ без диплома. Септучите секогаш имале голема доверба од локалната заедница и тие знаеле најмногу за животите на луѓето околу нив.
Мудрите жени имаат „сестри“ и во другите словенски земји. Сите имаат различни имиња, малку поинаква историја и зборуваат на различни јазици.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.